• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

4 мај 2023 

Скопје - Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев: 

- Претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.  (9:30)

- Собраниска делегација предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Даниела Николова, Велика Серафимова Стојковска и Мерита Колчи-Коџаџику ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев. (Црква „Свети Спас“/9:15)

Анкара - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе учествува на редовното 61. Генерално собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

Скопје - Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Азербејџан Енес Ибрахим и членовите ќе одржат средба со азербејџанскиот амбасадор Камил Касијев. (Собрание, Сала на Влада/11:00)

Њујорк - Министерот за надворешни работи Бујар Османи преку видео врска ќе одржи брифинг со новинари. (Meeting link:  https://mfamk.webex.com/mfamk/j.php?MTID=ma464d0e5c5cf1191c1bab0ea9379a52d /12:00, медиумите да се приклучат најдоцна до 11:30)

Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе одбележи 120 години од смртта на Гоце Делчев. (Двор на ректоратот на УГД, пред спомен бистата на Гоце Делчев во Ново Село/10:00, пристигнување на медиумите/9:30)

Штип - Отворање историско катче во рамки на Факултетот, во чест на учителската дејност, визија и мисија на учителот Гоце Делчев, а по повод 120 години од неговата смрт во организација на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ Штип. (Факултет за образовни науки/11:00) 

Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ организира манифестација „Денови на Благоја Корубин“ во чии рамки ќе се одржи Меѓународен научен собир на тема „Од збор до речник“. (Амфитеатар на Институтот/10:00)

Штип - Прес-конференција и предавање на донацијата на болнички кревети од страна на Чешката програма за соработка и развој (The Czech Development Cooperation) преку Амбасадата на Република Чешка во Скопје кофинансирано од страна на ИЦС Системи. (Детска болница, ул. „Љувен Иванов“ бр. 25/13:30) 

Скопје - Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС) ќе одржи настан „Превенција на кризи и управување со критична инфраструктура во Западен Балкан”. (х.„Холидеј Ин“, сала за конференции Скала 1/10:15)

Скопје - Денови на филигранство и накит - спој на македонското културно наследство и модерен накит во организација на Скопје Сити Мол и Занаетчиска комора - Скопје.

Скопје - Државниот архив ќе учествува на 35. годишен Саем на книгата. (Сала „Борис Трајковски – А1 арена“)

Скопје - Промоција на Зборникот „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“. (МАНУ/13:00)

Кавадарци - Прикажување на играниот филм „Фамилија“. (Дом на култура “Иван Мазов - Климе“/19:30) 

Прилеп - Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп.

Скопје - Прес-проекција за филмот „Нешто слатко“ во Cineplexx Скопје. (12:00)

Скопје - Целовечерен концерт на Фулиш Грин (Foolish Green) и промоција на албумот „Soul Revival“. (МКЦ, Денсинг сала/ 21:00)

                   

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан