• четврток, 04 декември 2025
МИА Најави МКД

29 септември 2025

Градско - Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на улица „8 Септември“ во Општина Градско. (Изјава за медиуми /11:00)

Скопје - Делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја, ќе оствари официјална посета на Република Северна Македонија и билатерална средба со претседателот Дарко Костадиновски и судиите на Уставниот суд на Република Северна Македонија. (пренос во живо од промоцијата на нова дигитална опрема линк на македонски , линк на турски јазик/11:45, изјави не се предвидени)

Скопје - Јавна презентација и дискусија „Градски решенија засновани врз природата - пат до одржлива иднина“ во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС). (х. „Солун“ /10:00)

Скопје - Работилница за етичко известување за изборниот процес и превенција и заштита од говор на омраза во организација на Хелсиншки комитет. (Простории на Хелсиншки комитет /10:00-13:30)

Скопје - Прес-конференција на синдикалната организација „Независен синдикат на паркови и зеленила“. (На крстосницата бул. „Илинденска“ и ул. „Никола Тесла“ во близина на кафе бар „Трибека“ /10:00)

Скопје - Свечено отворање на 48. Денови на македонската музика. (Камерна сала на Филхармонија /20:00) 

Скопје - Почнува 19-то издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупифестивал. (Албански Театар Скопје /20:00)

Скопје - Почнува 11. издание на фестивалот на европска литература „Букстар“. (Културно информативниот центар /19:30)

Скопје - Седмо издание на фестивалот на филм и музика SИРНИ. 

***********************

Локални избори 2025:

Скопје - Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. (19:00)

Скопје - Изборниот караван на СДСМ и коалицијата ја започнува изборната кампања од Крушево, Демир Хисар и Могила.

-Централен настан во Крушево (х.„Монтана“ /20:00)

-Настан во Демир Хисар (Дом на Култура /18:30)

-Претставници на СДСМ и коалицијата на средби со граѓани во Могила (17:30)

Скопје - Прес конференција на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски на тема Визија за Скопје 2025-2045.о штабот наспроти Тренд /10:00) 

Скопје - Прес-конференција за отпочнување на кампањата на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, проф. Горан Марковски, поддржан од граѓанско-политичката платформа Независни заедно. (На мостот Љубљанска во општина Карпош (кеј на Вардар) /11:55)

Скопје - Изјава за медиуми на Влатко Митовски, кандидат за градоначалник на СДСМ за Општина Гази Баба. (Во Хиподром - последна 50ка, пред просториите на СДСМ Гази Баба /11:00) 

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан