• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

11 март 2024

Скопје - Одбележување 81 година од холокаустот на македонските Евреи: 

- Претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе и ќе се обрати пред споменикот на 7144 депортирани македонски Евреи, во дворот на поранешниот скопски Монопол. (10:00)

- Претседателот Стево Пендаровски ќе се обрати на комеморативната вечер во спомен на депортираните македонски Евреи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. (20:00)

- Собраниска делегација, предводена од потпретседателот на Парламентот Горан Мисовски, во состав Марија Георгиевска, Бети Стаменковска Трајковска и Рашела Мизрахи ќе положи цвеќе на Споменикот на 7.144 депортирани македонски Евреи, кај поранешен скопски Монопол. (10:00)

- Положување цвеќе на Споменикот на депортираните Евреи, односно на Споменикот на паднатите борци во НОВ, на Градските гробишта „Бутел“. (11:30)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната Ванчо Исајов ќе одржат брифинг за медиумите. (Министерство за одбрана/10:30, пристигнување на влезот на министерството најдоцна до 10:20, по брифингот предвидена е изјава за медиумите)

Гевгелија - Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во работна посета на Гевгелија:

-Обраќање во прифатниот центар во Винојуг (10:30), средба со раководството на ОВР Гевгелија (11:30).

- Изјава за медиуми пред објектот на ОВР Гевгелија. (12:00)

Гевгелија - Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе ја посетат компанијата ДИЕМ - ГП во село Негорци. (12:00, по посетата предвидени се изјави за медиумите. Локација: https://www.google.com/maps/place/Diem-GP,+Negorci/@41.1791517,22.4743792,17z/data=!3m1!4b1!4m6!3m5!1s0x135623a71b0dfa0b:0x43d2e2c3cd6e8446!8m2!3d41.1791518!4d22.4792501!16s%2Fg%2F1hhjj80cy?entry=ttu)

Неготино - Заменик-министерката за здравство Маја Манолева ќе го посети Здравствениот дом во Неготино. (12:30, по посетата предвидена е изјава за медиумите)

Скопје - Фондацијата Ромите за Демократија организира панел сесија и поднесување Иницијатива до Собранието на Република Северна Македонија со наслов „Добро за жените Ромки, Добро за Собранието на РСМ“ (Собранието на Република Северна Македонија/ 11:00)

Скопје - Дебата „Политички митови: за употребата и злоупотребата на приказната“ со доц. д-р Кристина Н. Николовска и проф. д-р Ирина Талевска. (Сала за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“/13:30)

Скопје - Потпишување Студентскиот манифест од претставници на парламентарни политички партии. (Палата Кузман/13:00) 

Скопје - Здруженијата „Човекот над профитот“, „Но Пасаран“, КСОМ и ПЦЕР ќе одржат мирен протест. (Пред Министерство за правда/12:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан