• недела, 06 октомври 2024
МИА Најави - МКД
30 јануари 2020  Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ќе ги прими акредитивните писма на Мариа Вирџиниа Мендес да Силва Пина, новименувана амбасадорка на Португалската република во РСМ, со седиште во Белград. (Вила Водно/11:00, снматели и фоторепортери/10:45) Скопје - Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите. (Сала на Уставна комисија/10:00) Скопје - Претседателот на Владата на РСМ, Оливер Спасовски и министерот за економија, Крешник Бектеши ќе одржат прес-кoнференција. (Влада на РСМ, медија центар/10:30) Скопје - Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ја посетат компанијата Фејдом. (Визбегово, компанија „Фејдом“, Качанички пат/11:30)  Скопје - Работна средба на пратеници за пренесување на искуства од САД за законодавни инструменти за борба против корупцијата и етиката на избрани и именувани лица на централно и локално ниво. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје  - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 10/10:30) Берлин - Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе оствари работна посета на Берлин, во чии рамки ќе учествува на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, која ќе биде претседавана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан. Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче ќе даде изјава за медиумите на скопскиот аеродром по слетувањето на авионот од Дубаи (12:20) и по поминувањето на патниците низ термо-камерата. (Медиумите да пристигнат најдоцна до 11:15) Скопје - Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ќе одржи прес-конференција на тема „Актуелните случувања и состојби во министерството за труд и социјална политика“. (МТСП/12:00) Скопје - Прес-конференција на Индустриската комора на Македонија. (Соуз на стопански комори на Македонија/11:00) Скопје - Портпаролот Ваљон Салиху и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе одржат прес-конференција. (Крстосница меѓу ул.„Скупи“ и улицата број 10, која води кон нас. Бардовци/11:00) Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ќе одржат прес-конференција. (Клуб на новинари/12:00)
Скопје - Гете-институт Скопје ќе го прикаже филмот „На иста висина“, прв од серијата германски филмови на тема ​„Различности“ (Diversity). (Кинотека на Северна Македонија/20:00)
Скопје - Концерт насловен „Вилински класици“ на оркестарот на Филхармонија. (Филхармонија/20:00)
Скопје - Доделување на награди за најдобрите во Автоспортот за 2019 година. (р.„Ден и ноќ“/20:00)
________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан