• недела, 01 септември 2024
Миа Најави - МКД
10 февруари 2020
Охрид - Владата на Република Северна Македонија во Охрид ќе ја одрѓи седмата редовна седница. (сала за седници на Општина Охрид / 17:30)
- Пред почетокот на седницата изјава за медиумите ќе даде претседателот на Владата Оливер Спасовски.
- Во рамките на теренските активности што ќе ѝ претходат на седницата, премиерот Оливер Спасовски ќе направи увид со реконструкцијата и санацијата на колекторскиот систем и ќе ги посети фабриките ЛТХ Леарница Охрид (14:45) и Братство Инокс (15:30).
Скопје - Претседател на Државниот збор на Република Словенија, Дејан Жидан во посета на Република Северна Македонија. - Тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Кабинет на претседателот/ 13:00/ изјави за медиуми 14:00) Скопје - Делегација на Постојаната Комисија за Европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија во посета на Собранието на Република Северна Македонија. - Средба со претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби и членовите на Комисијата. (Сала на Влада, 10:00 – 11:00) - Средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Стар кабинет, 11:05 – 11:35) - Средба со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции и членовите на Советот, Никола Попоски. (Сала на Уставна комисија, 14:15 - 15:15) Скопје - Седница на Национален совет за евроинтеграции. (сала Борис Трајковски/ 11:00) Скопје - Седница на Комисија за финансирање и буџет. (сала Борис Трајковски/ 12:00 и 15:00) Скопје - Седница на Законодавно-правна комисија. (сала 10/ 12:30 и 15:30) Скопје - Седница на Комисија за надворешна политика. (сала 4/ 14:00 и 16:00) Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе има средба со војниците од единиците во Касарната Илинден. (10:30/ медиумите да пристигнат на влезот на касарната Илинден најдоцна до 10:10) Скопје - Министерот за локална самоуправа Горан Милевски и раководителот на сектор за соработка при мисијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини, ќе се обратат на медиа клуб бранч во врска со имплементацијата на проектите од првиот повик на ИПА Прекугранична програма Република Северна Македонија – Република Албанија 2014 - 2020. (Гастротека Сиеста на ул. „Македонија“, спроти бикот/ 10:30/  изјави 10:45) Струмица - Министерот за општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски ќе се обратат на јавна трибина за Дигитализација на јавните услуги во Република Северна Македонија. (Дом на АРМ- Струмица/ 13:00) Скопје - Министерот за образование и наука Арбер Адеми ќе присуствува на отворање на нова спортска сала, изградена во рамки на проектот за изградба на 145 спортски сали на МОН, финансиран од Банката за развој при Советот на Европа. (СУГС „Сарај“ – општина Сарај/13:00) Скопје - Прес-конференција на директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски по повод ставањето камен темелник за базенот во Општина Ѓорче Петров. (местото на изградба на базенот во склоп на ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“/ 11:00) Битола - Одбележување на Денот на руската дипломатија. -Полагање цвеќе пред споменикот „Руски Крст“ (Градски парк / 11:00)

-Изложба „100 раритети на руската државност“ (Центар за култура / 13:00)

Скопје - Работна средба меѓу Стопанската комора на северозападна Македонија и ДУИ. (во просториите на СКСЗМ, кат 5, сала бр. 4/ изјави за медиуми 13:00) Скопје - Презентација на активности за социјална инклузија и превенција од радикализација преку спорт и спортски програми „Младинска Едукација преку спорт“. (Младински Центар Чаир/ 13:00) Скопје - Промоција на зборникот „Од Букурешт до Преспа-Сведоштва на едно време: Македонија 2008-2018“ на Фондацијата Отворено општество. (Даут Пашин Амам/ 12:00, изјави за медиуми 11:45) Скопје - Промоција на колекцијата на преводи од збирката поезија „Сјајна ѕвезда со лавовска грива“ на амбасадорот на Република Словенија во земјава, Милан Јазбец. (книжарница Матица Македонска/ 19:00) Скопје - Дискусија „Информатичката технологија и учеството на младите во демократските процеси на локално ниво“. (Europe House/ 15:00) Струмица - Презентација на можностите за користење на средства од ИПАРД програмата. (х.„Вила Парк“/ 17:00) Скопје - Прикажување на филмовите „Мали пионери“ и „Убави жени одат по градот“ на култниот режисер Желимир Жилник. (Музејот на Современата Уметност / 19:20 разговор со публиката, а потоа проекција на филмовите) Скопје - Концерт „Вокален дует“. (Камерната сала на Филхармонија/ 20:00) _______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан