• сабота, 27 јули 2024
МИА Најави МКД
3 март 2020 Гевгелија - Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Северна Македонија на јужната граница. (Објект караула Богородица / 9:00)

-  Изјава за медиумите на претседателот Пендаровски (9:30)

- Посета на Транзитниот центар за мигранти (10:00)

Скопје - Премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче ќе го посетат граничниот премин Табановце со цел проверка на системот за превенција и заштита од коронавирус. (11:15; Изјава за медиумите / 11:30)

Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе ја посети касарната „Илинден“ каде што ќе биде промовирана новата спортска опрема за припадниците на Армијата. (Касарна „Илинден“ / 10:00; Медиумите да пристигнат најдоцна во 9:40)

Скопје - Прес-конференција на Мисијата ОДИХР за набљудување на изборите во Северна Македонија. (х. „Хилтон“, Платиниум 1 / 14:00) Скопје - Прес-конференција на генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“, Васко Ковачевски, и директорот на РЕК Битола, Златко Ќурчиевски. (АД ЕСМ Дирекција, кат 5 / 11:00) Скопје - Конференција за женско претприемништво и пристап до капитал, во организација на Министерството за економија и ЦЕЕД Хаб Скопје. (х. „Порта“ / 10:00) Скопје - Завршна тркалезна маса  во организација на Здружението на жени менаџери ЕЛИТ, по повод завршувањето на проектот „Платформа - жени на раководни позиции“. (Универзитет за туризам и менаџмент / 11:00) Желино/Теарце - Инфокарванот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја промовира Мерката 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 во Желино (сала на Совет при Општината / 10:00) и во Теарце (Општинска сала / 14:00) Скопје - Прес-конференција на Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод „Кампања за помош на предвремено родени и болни бебиња“. (Простории на Црвениот крст / 11:00) Скопје - Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалниците на општините Аеродром, Гази Баба и Центар, Златко Марин, Борис Георгиевски и Саша Богдановиќ, ќе извршат увид во градежните работи за изградба на мостот на булевар „АСНОМ“. ад спортската сала „Јане Сандански“, кај езерцата во Аеродром / 11:00; Изјава за медиумите по посетата) Кавадарци - Норвешкиот амбасадор Јерн Јелста ќе се сретне со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев (Кабинет на градоначалникот /10:00) и ќе го посети средното земјоделско-шумарско училиште „Ѓорче Петров“ во Кавадарци (11:00) Изјави за медиумите на Јанчев и Јелста (11:15) Скопје - Регионална работилница „Современото новинарство за новите безбедносни предизвици“. (х. „Мериот“ / 10:00) Тетово - Прес-конференција на Комисијата за социјална политика на ДПА.едиште на ДПА/11:00) Скопје - Прес-конференција на Агенцијата за млади и спорт по повод започнување на проектот „Управување со менструално здравје”. (АМС, кат 8 / 11:00)   _______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан