• вторник, 01 октомври 2024
МИА Најави МКД
19  февруари 2020 Мадрид - Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија. Скопје - Премиерот Оливер Спасовски заедно со вицепремиеката за економски прашања Мила Царовска ќе се обратат на одбележувањето на 98-годишнината од работењето на Стопанската комора на Македонија. (Стопанска комора на Македонија, сала 4, кат 5/10:30) Скопје - Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Наумоски ќе извршат увид во градежните активности за изградба на градинката во Волково. (ул. „49“ - Волково/12:30) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе присуствува и ќе се обрати на потпишувањето на договори за јавно приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување помеѓу општините Македонска Каменица и Чешиново Облешево како корисници и ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје. (Министерство за економија, сала на кат 1/11:00) Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе се обрати на регионалната работилница за Размена на информации и добри практики во нелегално управувањето со шуми. (х. „Холидеј Ин“/9:00) Скопје - Шакухачи мастерклас со наградуваниот виртуоз на јапонска шакухачи бамбус флејта, Јосуке Ирие, по повод прославувањето на роденденот на новиот Цар и потпишување нови проекти со Амбасадата на Јапонија. (Факултет за музичка уметност/14:00, медиумите да пристигнат/13:50) Скопје - Прес-конференцијата на Комората на сметководители на Македонија. (Сојуз на стопански комори на Македонија/11:00) Скопје - Презентација на истражувањето „Европски навики за плаќање“,  спроведено од компанијата EOS. (х.„Александар Палас“/13:00) Скопје - Првата детска амбасада во светот Меѓаши ќе го презентира Годишниот извештај за работата на СОС телефонот за деца и младинци за периодот декември 2018 – ноември 2019 година. (Public Room – Kid’s Room/10:30) Скопје -  Презентација на најголемиот технолошки настан во Турција „ТЕХНОФЕСТ 2020“ (Фестивал на авијација, вселенски науки и технологии) во организација на Турски културен центар Јунус Емре - Скопје на која ќе учествуваат и надлежните лица на фестивалот. (Меѓународен балкански универзитет/13:00) Скопје - Презентација на новата механизација за чистење на Општина Карпош. (на паркинг просторот пред Аква паркот, во кругот на СЦ „Борис Трајковски“/10:30, изјава на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев/10:45) ______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан