• среда, 02 октомври 2024
МИА Најави МКД
6 март 2020
Градско/Прилеп - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов ќе извршат увид во градежните активности на патот Градско - Прилеп, делница Раец - Фариш. (еден километар од населеното место Раец, изјави за медиуми/12:00) Скопје - Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) организираат инфо сесија и презентација на вториот јавен повик „02 Предизвик 2“- Справување со климатски промени. (ФИТР, ГТЦ кат 1, спроти „Жена парк“/10:00) Скопје - Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија. (ССКМ/10:30) Скопје - Граѓанската иницијатива „МОСТ“ организира панел-дискусија на тема „Штетното влијание на дезинформациите“. (х. „Александар Палас“, сала К2/14:00) Скопје - Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) организира дијалог за политики „Ветинг – наметната или изводлива опција за Република Северна Македонија“. (х. „Арка“/10:00, изјави за медиуми по завршување на настанот/12:30) Скопје - Прес-конференција на Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе. (Центар за социјална работа во општина Шуто Оризари/10:00) Скопје - Прес-конференција на партијата „Единствена Македонија“. (седиште на партијата, ул. Даме Груев бр.10/13:30) Скопје - Претставници на ДУИ ќе го посетат основното училиште „Емри Елези“ во општина Чаир. (11:00) Скопје - Прес-конференција на Комисијата за економија на ДПА. (Седиште на ДПА/11:00) Скопје - Единаесетто издание на Вечерите на Женски Права. (Младински културен центар, кино „Фросина“/19:00) Скопје - Отворање на изложбата „ДЛУМ нова генерација на млади“. (Уметнички центар АРТ ХАБ, ГТЦ, кат 2, локал 306/20:00) Скопје - Мултимедијална изложба на Илина Арсова. (НЛБ Галерија/20:00) Гостивар - Прес-конференција на Гостиварски театар по повод првата претстава во 2020 година и првата професионална претстава на македонски јазим во Гостивар. (Дом на културата/13:00) Битола - Промоција на книгата „Цивилното население во битолско за време на Првата светска војна“ од Мери Стојанова. (Завод и Музеј/12:00) Скопје - Традиционална изложба на тема: „Цртам за мојата мајка“ на деца од предучилишните установи по повод 8 Март - Денот на жената. (Детски културен центар „Карпош“/10:00) Тетово - Педагошкиот факултетот при Универзитетот во Тетово организира свечена манифестација по повод 7 Март - Ден на албанските учители и 8 Март - Меѓународниот ден на жената. (Педагошки факултет, Амфитеатар бр. 341/11:00) Гостивар - По повод Денот на албанскиот учител, градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари ќе подели ваучери на учениците кои освоиле награди на литературниот конкурс. (кабинет на градоначалникот/11:00), а Секторот за образование ќе одржи прес-конференција. (прес-центар на општината/11:30) Скопје - Четиринаесетта тортијада „Слатка мистерија 2020“. (ресторан „Аликас“ Визбегово/16:00-19:00, изјави за медиуми/18:00) _____________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан