• недела, 22 декември 2024

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

1 јануари 2024

Скопје - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав Дарко Каевски и Бети Стаменковска-Трајкоска ќе положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на нашата земја Киро Глигоров. (Градски гробишта Бутел/11:00)

Скопје - Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ ќе положат цвеќе на вечното почивалиште на поранешниот претседател Киро Глигоров. (Градски гробишта Бутел/11:00)

Скопје - Министрите за здравство и за труд и социјална политика, Фатмир Меџити и Јованка Тренчевска ќе го посетат првото родено бебе во 2024 година. (Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје/ 11:30)

Скопје - Лекари од Клиниката за токсикологија и Ургентниот центар ќе информираат како поминала новогодишната ноќ. (Изјави за медиумите пред Ургентниот центар/12:15)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ и ќе има состанок со раководствата на Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје за активностите во 2023 година и за тоа како помина новогодишната ноќ. (11:30, можност за инсерти на почеток од состанокот, изјава за медиуми пред спомен-собата на ЕБР- ПЦ Ѓорче Петров/12:00)

Битола - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски ќе ги посети првородените новороденчиња во Новата година. (Клиничка болница во Битола/11:00 и ПЗУ „Плодност“/12:00)

______________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан