• петок, 05 декември 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

27 август 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 5/10:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 5/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/12:30)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Сала 6/13:00)

Скопје - Седница на собраниската Законодавно - правната комисија. (Сала 6/13:30)

Скопје - Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата. (преку ZOOM комуникациската платформа, 11:00 часот)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе изврши увид во градежните работи во населбата Саат Кула во Чаир, каде што се реализира проект за изградба на нов водовод. (12:30)

Свети Николе - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски и градоначалникот на oпштина Свети Николе, Дејан Владев ќе ја пуштат во функција новата канцеларија за административни услуги на територија на oпштината, “ЕТУ Свети Николе”. (Изјави за медуми пред зградата на Општина Свети Николе/10:00)

Скопје - Прес-конференција на генералните директори на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски и Бранко Аџигогов на која ќе биде образложен моделот и начинот на финансирање на кардиохируршките интервенции од страна на ФЗО.(ФЗО/12:30) 

Скопје - Прес-конференција на претседателот на СДСМ Венко Филипче. (седиште на СДСМ/11:00) 

Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (седиште на  ЗНАМ на ул. Климент Охридски бр. 66/12:00)

Скопје - Прес-конференција на граѓанската платформа „Независни заедно“ на која ќе биде промовиран независниот кандидат за градоначалник на Скопје, проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет. (Камен мост, пред споменикот на Гемиџиите/9:30)

Венеција - Светска премиера на филмот „Мајка“ (Mother) на Теона Стругар Митевска на 81. Меѓународен филмски фестивал во Венеција. (Sala Darsena/16:00)

Скопје - Работилница посветена на повикот за Европски мини слејт развојни проекти на потпрограмата „МЕДИА“ во организација на Министерството за култура и туризам - Канцеларија за Креативна Европа, во соработка со Фестивалот за креативен документарен филм „16. Македокс“. (Младинскиот културен центар/10:00)

Скопје - Прес-конференцијата за премиерната изведба на претставата „Ангели во Америка - Среќна фантазија на национални теми Дел I: Милениумот наближува“  од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски. (МНТ/11:00)

Скопје - Концерт на Јанг Дади во организација на Општина Центар, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум“. (Парк на Франкофонија/19:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан