• недела, 21 јули 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ)

13 февруари 2023

Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 103-та и 104-та седница. (Сала „Македонија“/11:00 и 15:00)

Скопје - Работна средба на Интерпартиската парламентарна група ИПППГ за поддршка на правата на Ромите, нивна инклузија и интеграција. (Сала 6/10:00)

Кишињев - Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи  во посета на Мисијата на ОБСЕ во Република Молдавија.

Скопје - Тркалезна маса на Министерството за правда и делегацијата на Советот на Европа од Одделението за извршување пресуди на Европскиот суд за човекови права, на тема извршување на пресудите на ЕСЧП и функционирање на Надворешниот механизам за контрола (хотел DoubleTree Hilton /09:30)

Скопје – Прес-конференција на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, Асоцијацијата за здравствена едукација и истржажување – ХЕРА и Македонското лекарско друштво по повод Светскат недела на сексуално и репродуктивно здравје. (Студентски дом „Гоце Делчев“/12:00-12:20)

Скопје - Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски ќе го промовира неговиот универзитетски учебник „Раководење во полицијата". (Музејот на македонската борба – Скопје/17:00).

Скопје - Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организира  дебата на тема „Превенција на опасните виртуелни трендови кај младите“. (Ректорат 3-спрат, сала 301, Зграда на ССМ/11:30)

Скопје - Врачување на годишните награди на Друштвото на писателите на Македонија. (ДПМ/11:00)

Скопје - Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи перформанс за финансиска поддршка на настраданите во Турција и Бугарија. (ДПМ/11:00)

Скопје - Отворање на изложбата „Човеколики неволји“. (КСП „Центар-Јадро/20:00)

Битола - Концерт „Пијан Славеј“- нова македонска шансона. (Народен театар, голема сцена /20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Остани поврзан