МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 1 јуни 2025
1 јуни 2025
Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе го посети реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје. (Институт за јавно здравје/ 12:00)
Кавадарци - Отворен ден на Армијата во состав на вежбата „ Immediate response 25“. (Плоштад во Кавадарци/ 10:00)
Скопје - Прес конфернеција на потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. (седиштето на СДСМ/ 12.30)
Скопје - Одбележување на Националниот ден на правата на животните во организација на Нард Македонија. (Плоштад „Македонија“/ 12:00)
Скопје - Под мотото „Пријателство без зборови – Човек и миленик“, ќе се одржи интернационалниот настан за љубителите на домашни миленици во регионот ПетФест 2025. (Парк на Франкофонија, Градски парк Скопје, 10:00)
Скопје - Музички натпревар „Инструментите на моите предци“ на класични и народни традиционални македонски инструменти, наменет за деца и млади од 10 до 18 години. (Големата сала на ЈУ Детски културен центар „Карпош“/ 09:30)
Скопје - Финален турнир во мини ракомет - Јуниор куп, дел од проектот „Ракомет за секое дете“. (Отворено игралиште во рамки на Спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче/ 10:00)
Скопје - Литературно-музички хепенинг „Читањето е супермоќ“. (На првиот кат во „Ист гејт мол“/ 11:00)
Скопје - Музички настан посветен на најмладата публика „Музика и цртан филм“. (Игротека „Дрим зона“ во Дајмонд мол/ 12:00)
Скопје - „Вози право, вози здраво“, во организација на Стопанска банка АД - Скопје. (Порта Македонија/ 17:00)
____________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***