• понеделник, 18 ноември 2024
МИА Најави МКД 

2 август 2023 

Чествување на 2 Август, Денот на Републиката: „120 години Илинден - Огниште на татковината“. 

Пелинце – Претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ,  ќе се обрати пред Меморијалниот центар АСНОМ и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. (10:15, акредитираните медиумски екипи да бидат во Пелинце најдоцна до 8:30)

Пелинце - Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав: Мартин Костовски, Лидија Тасевска, Бране Петрушевски и Илија Николовски, ќе положи венец со цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце. (10:15)

Прохор Пчински – Претседателот Стево Пендаровски ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ (12:00), а ќе биде пречекан од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и ќе остварат билатерална средба, по што се предвидени изјави за медиумите.  

Крушево – Собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, во состав: Миле Талески, Љупчо Балковски и Петар Ристески ќе учествува на одбележувањето на 120-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.

-Положување цвеќе на гробот на Никола Карев. (Македониум/9:00)

-Положување цвеќе на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“. (09:30)

-Панихида, Храм „Свети Никола“ (10:00)

- Голем народен собир на „Мечкин Камен“ и обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери. (11:30)

Скопје - Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на свечената манифестација на Тврдината Кале. (9:30) 

Скопје - Собраниска делегација, во состав: Даниела Николова и Иванка Василевска, ќе положи венец со цвеќе на Споменикот на АСНОМ во Паркот „Жена борец“ (8:30), пред Споменикот на Никола Карев пред Собранието (8:30), пред Споменикот на Методија Андонов-Ченто на Градскиот плоштад (8:30) и пред Споменикот „Сила, Слава, Победа“ на Скопско Кале (9:30).

Скопје - Владина делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ ќе положат цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, на споменикот на Никола Карев пред Собранието, како и на спомен-обележјето на Методија Андонов – Ченто на Градскиот плоштад. (8:30) 

Смилево – Владина  делегација составена од заменик-министерот за финансии Филип Николовски и националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка Роберт Алаѓозовски, ќе оддадат почит на могилата Даме Груев, споменикот на смилевските Илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред, по што ќе го посетат Меморијалниот музеј и ќе положат цвеќе на споменикот на Даме Груев (9:00)

Крушево – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на одбележувањето на националниот и државен празник Илинден ќе предводи висока партиска делегација во Крушево. 

-Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската Република. (во споменикот „Македониум“/ 9:00) 

-Делегацијата ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на хероите на месноста Слива. (9:30) 

-Делегацијата ќе присуствува на панихида во Храмот „Свети Никола“ во Крушево. (10:00) 

-Делегацијата ќе положи свежо цвеќе на „Мечкин камен“ по што ќе биде дадена изјава за медиумите. (11:15)  

Ташмаруништа, Струга – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во рамки на одбележувањето на празникот Илинден ќе положи цвеќе на споменикот на двата Илиндена.  

Гостивар – По повод 120 години Илинденско востание и 79 години од АСНОМ ќе настапи Пламенка Трајковска – гудачко трио. (во Националната установа Центар за култура АСНОМ/ 20:00) 

Букурешт – Изложба на Киро Урдин во Букурешт. (галерија „Константин Бранкуши“/19:00) 

___________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан