• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД 
9 март 2020 Скопје - Министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн во посета на Северна Македонија: - Пристигнување во Министерството за надворешни работи (09:50)  - Тет-а-тет средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров (09:55 - 10:05)  - Прес - конференција на Димитров и Аселборн (МНР /10:10 - 10:30) - Средба со претседателот Стево Пендаровски (Вила Водно /10:35, сниматели и фоторепортери да пристигнат во 10:10) Скопје - Втор ден од тинк тенк форумот во рамки на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Северна Македонија: панел дикусии за миграција, (09:15 до 10:30), за безбедност и хибирдни закани (10:40-11:55) за владеење на правото (12:55-14:10), за иднинатата на Европа (14:20 -15:35) и завршна сесија со заклучоци кои ќе ги претстават министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија Никола Димиров и Екатерина Захариева (15:35-16:20)(х. Хилтон.) Скопје - Прес-конференција на Конфедерација на слободни синдикати. (простории на СОНК на ул.„Маџир Маало“ бр.36 /11:00) Скопје - Отворање на меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција РОБОМАК. (Амфитеатар на Факултетот за електротехника и информациски технологии /11:00) Скопје - Прес - конференција на Стопанската комора на Македонија на тема „Зајакнување на регионалната економска соработка преку активностите на Коморскиот инвестициски форум“, а на која ќе присуствува Сафет Ѓергалиу, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум. (простории на Стопанската комора, сала 1 на петти кат/11:00) Скопје -  Прес-конференција на политичката партија „Твоја". (Јавна соба/12:00) Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. (Град Скопје, сала за состаноци/12:00) Скопје - Почнува манифестацијата „Вистинска грижа за жените, еден поинаков 8-ми Март“, во организација на Општината Бутел. (административна зграда на општината /08:00) Скопје - Канадскиот уметник и графичар Ги Ланжевин ќе одржи предавање во пресрет на отворањето на неговата изложба на графики во Чифте Амам. (Оддел за графика во Сули ан/ 10:00) __________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан