МИА Најави-свет
- Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари 2022 година.

23 Февруари 2024
Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина, која почна на 24 февруари 2022 година.
Стразбур – Вонреден состанок на Комитетот на министри на Советот на Европа по повод втората годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина.
Вашингтон – САД најавија нови санкции против Русија по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во руски затвор.
Берлин – Собир против војната во Украина со палење 600 свеќи пред германскиот парламент.
Варшава – Средба на премиерот на Полска, Доналд Туск, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот на Белгија, Александар де Кроа.
Будимпешта – Шведскиот премиер Улф Кристерсон во посета на Унгарија пред гласањето во парламентот за прием на Шведска во НАТО на 26 февруари.
Берлин – Германскиот парламент треба да гласа за декриминализација на канабисот.
Виена – Се очекува пресуда на судењето на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц за лажно сведочење.