МИА Најави-свет
- Ден на победата над фашизмот во Втората светска војна и Ден на Европа

9 Мај 2023
Ден на победата над фашизмот во Втората светска војна и Ден на Европа
Стразбур – Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе одржи говор во Европскиот парламент по повод Денот на Европа.
Берлин – Шефот на кинеската дипломатија, Чин Ганг, е во посета на Германија во рамките на неговата европска турнеја.
Москва – Воена парада по повод Денот на победата и крајот на Втората светска војна.
Џакарта – Почнува Самитот на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) кој ќе трае до 11 мај.