МИА Најави-свет
- Франкфурт - Средба на германскиот канцелар Олаф Шолц со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

6 Септември 2024
Франкфурт - Средба на германскиот канцелар Олаф Шолц со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Рамштајн, Германија – Состанок на Контакт групата за Украина.
Ерусалим – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во посета на Израел.
Сеул – Јапонскиот премиер Фумио Кишида ја почнува дводневната посета на Јужна Кореја.
Порт Морезби – Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск ја почнува четиридневната посета на Папуа Нова Гвинеја.
Кејп Канаверал – Лансирање на ракета на SpaceX во земјината орбита со екипаж кој е планирано да излезе од вселенското летало на „вселенска прошетка“, прва во рамки на приватна мисија.
Јоханесбург – Започнува „Арт Јобург“, главниот годишен саем на современа африканска уметност.