• недела, 24 ноември 2024

МИА Билтен (ДПЛ)

МИА Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - На 24.10.2023 полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е.Т.П. (38) од Скопје постапувајќи по пријава од Е.Р. (37) од Скопје дека на 23.10.2023 во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била нападната од Е.Т.П.. Со Е.Т.П. е извршен службен разговор и таа го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот. По документирање на случајот, против Е.Т.П. е поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од КЗ и е предадена на ОЈО Скопје.

На 25.10.2023 во 11.30 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица. Тој се сомничи дека претходно во Струмица, од возило одзел паричник. Кај него биле пронајдени украдените пари и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против Г.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.10.2023 околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ "Св.Наум Охридски“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(29) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При претрес во неговото патничко возило, извршен со судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога пронајдоа и одзедоа марихуана, наменета за натамошна продажба.

На 24.10.2023 во СВР Битола В.К.(64)  од Битола пријавил дека во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола бил каснат од куче скитник.

На 24.10.2023 во СВР Битола М.И.(43) од Битола пријавил дека во Битола бил каснат од куче скитник.

На 24.10.2023 во 20.25 часот во Полициска станица Гази Баба, 49-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од С.В. од Скопје, кому му дала 922.600 денари во врска со операција на нејзиниот син во болница во Турција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 24.10.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје, Х.Т.(49) од Скопје пријавил дека на 20.10.2023 околу 12.50 часот во дворот на основно училиште на подрачје на Бит Пазар неговиот син бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (25.10.2023) во 08.20 часот во СВР Скопје 37- годишна жена пријавила дека околу 00.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг З.И. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.10.2023 во 19.50 часот во СВР Скопје А.Д.(39) од Скопје, пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од Б.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.10.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров бил пронајден починат М.Т.(53) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.  

На 24.10.2023 во 17.45 часот во СВР Скопје М.Б.(30) од с.Арачиново-скопско пријавил дека околу 16.30 часот во Старата скопска чаршија, тој и В.С. биле физички нападнати од Ф.Б. од с.Арачиново и А.А. од с.Сарај, а бил употребен и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 24.10.2023 во 21.30 часот во СВР Скопје Е.Д.(49) од Скопје, пријавила дека околу 18.40 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, со намера за себе противправно да присвои туѓ подвижен предмет, доверен од оштетениот Д.Т., на 08.10.2023 година во куќа на оштетениот во Куманово, примил пари, кои оштетениот му ги доверил на пријавениот со цел на 09.10.2023 година во Скопје да ги доисплати за возило кое било пазарено на 07.10.2023 година, но на 09.10.2023 година пријавениот му кажал на оштетениот дека ги изгубил парите.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Б.О.(40) од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 03.10.2023 во Кочани, пријавениот му упатил закани и физички нападнал вработен во јавно претпријатие, кој извршувал службени задачи-санирање на дефект на водоводна мрежа. 

На 24.10.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје Ф.Ј.(41) од Скопје, пријавил дека околу 12.00 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Карпош неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник со тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.А. (22) од Велес, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 12.02.2023 на автопат Велес-Скопје, кај клучка Петровец, при легитимирање пријавениот приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола.

СВР Велес поднесе кривична пријава против И.К. (28) и Х.З. (27) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување на пари“. На 08.08.2023, од казино било пријавено дека истиот ден пријавените на вработена во казиното и дале 600 долари, во банкноти од по 100 долари, кои со извршено вештачење е констатирано дека се фалсификат.

На 24.10.2023 во 19.20 часот во СВР Скопје Л.Г.(64) од Скопје пријавила дека на 21.10.2023 околу 01.00 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Хиподром нејзиниот  внук бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.Т.(18) од прилепско и Х.Ц.(19) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“. На 15.02.2023 првопријавениот му продал марихуана на второпријавениот, а на 19.02.2023 во Прилеп при извршен преглед над второпријавениот, пронајдена била марихуана.

 

Остани поврзан