• вторник, 27 август 2024
МИА Најави – МКД
16 ноември 2021  Абу Даби - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во  прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (сала 6/13:00) Скопје - Командантот на врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, кој се наоѓа во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија, ќе престојува во Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана. -Церемонија за пречек со воени почести ќе се одржи во 08:45 часот. (Согласно агендата и протоколите и мерките за заштита од КОВИД-19 ќе биде овозможено фотографирање и видео инсерти/Заради запазување на процедурите за влез, екипите треба да пристигнат до 08:35 часот) Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 55-та седница. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/86422697966?pwd=SndjMm1xenNxUUdUQ3hHVzUySmM1QT09  /11:30) Скопје – Здружението за истражување и анализи ЗМАИ организира завршен настан и панел дискусијата „Подобрување на процесите на локално буџетирање во Северна Македонија". (Национална Филхармонија/ 11:00) Скопје – Фондацијата Метаморфозис во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество организира онлајн презентација на резултатите од Индексот на отвореност на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија за 2021 година. (на платформата ZOOM, https://techsoupglobal.zoom.us/j/99452924088  / 14:00) Скопје - Finance Think - Институт за економски истражувања и политики поддржан од Цивика Мобилитас организира еднодневна работилница за економски анализи  „Анализа и интерпретација на податоци и наоди'' наменета за економските новинари. (Public Room/ 9:00 – 12:00) Скопје – Зелената партија Демократска обнова на Македонија ќе се одржи онлајн трибина на тема „Климатска акција – сега!!!”. (на платформата WEBEX, https://dommk.webex.com/dommk/j.php?MTID=m9132bbd6824823644c5e52f0e84bc7b5  /12:00 - 13:30) Скопје – Прес-конференција на МТЕЛ - новиот телекомуникациски оператор, членка на групацијата Телеком Србија. (ул. „Македонија“, пред продажен салон МТЕЛ, поранешна продавница на Хуго Бос/ 12:15) _________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан