МИА Најави – МКД
- 30 април 2020

30 април 2020
Скопје - Министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши ќе се сретнат со претставници од угостителско-туристичкиот сектор. (Простории на Министерството за финансии; изјави за медиуми пред Министерството во 11:20)
Тетово - Центарот за управување со промени заедно со партнерските организации во општина Тетово ќе предаде донација со заштитна опрема која опфаќа заштитни маски, визири и антибактериски сапуни. (11:00)
Скопје - Одбележување на Меѓународниот ден на џезот со концерт на Здружението на џез-музичари на неговата ФБ страница прек онлајн видео-стриминг, концерти на врвни македонски музичари и групи, ЗЏМ Колектив - комбо ансамбл.
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.