• сабота, 20 јули 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
23 декември 2020  Скопје - Брифинг за борбена готовност на Армијата пред претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили за тековната 2020 година. (Дом на Армијата, само за сниматели и фоторепортери, церемонија за пречек на претседателот Пендаровски/9:55, почеток пред реферирањето/10:00, медиумите да пристигнат најдоцна до 9:35) Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 28-та и 22-та седница. (Голема сала/11:00 и 12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 44-та седница. (на платформата ZOOM  https://zoom.us/j/94024653749?pwd=elZlZ2t3d0t5M2daSm9YVzZJY2s0dz09  /10:00) Скопје - ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии ќе одржи национална конференција на тема: „Отпорни граѓани – безбедни шуми“. („Јавна соба“/11:00) Скопје - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организира настан насловен „Како да се зборува со младите генерации“ и официјално потпишување на договори за грант за мобилности во високото образование oд Еразмус+ програмата . (х. „Хилтон“/10:00) Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. (бул. „Илинден“, крстосница со ул. „Никола Тесла', спроти локалот Трибека/11:00) Скопје - Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира онлајн дебата на тема „Многу медиуми, сиромашни новинари“. (на платформата ZOOM/10:30) Скопје - Презентација на наоди од истражувањето „За станарските работи - Истражување за животниот стандард на станарите во државните студентски домови „Браќа Миладиновци“ – Штип, „Кочо Рацин“ – Битола и „Пелагонија“ – Скопје. (на платформата ZOOM/11:00) Скопје - Прес-конференција на Рурална Коалициjа и Една Може!. (простории на Една може!, ул. „Св. Кирил и Методиј“ 36/2-9/11:30) Скопје - Прес-конференција на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива. (Седиштето на Алијансата за Албанците во Скопје (пластичарска улица, во близина на мостот кај Бит Пазар)/12:30) Прилеп - Прес-конференција на ИНТЕГРА. (х. „Кристал Палас“, конференциска сала/11:55) ___________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан