• вторник, 19 ноември 2024
МИА Најави – МКД
23 јуни 2021 Анталија – Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во својство на шеф на Делегацијата во ПС на Процесот за соработка во Југоисточна Европа ќе учествува на Осмата пленарна сесија на ПСЈИЕ. Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/13:30) Скопје - Со обраќање на премиерот Зоран Заев официјално ќе биде отворен Првиот Економски форум во Скопје. (х. „Александар Палас/9:00, по воведното обраќање на премиерот Заев, предвидени се изјави за медиумите) -министерот за економија Крешник Бектеши ќе учествува на панел дискусијата „Инфраструктура, енергија и туризам: двигатели на долгорочен просперитет“. (х. „Александар Палас“ или онлајн: Skopje economic Forum /16:45) -Директорот  на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот,  Дејан Павлески ќе учествува на панел дискусијата на тема  „СДИ перспективи во Северна Македонија“ на Скопје економски форум. (х. „Александар Палас“ /16:00) Скопје - Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа, генералот Тод Волтерс ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија. (официјален пречек во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата /8:45, медиумските екипи да пристигнат на влезот на МО најдоцна 8:25) Штип - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на македонско-унгарски бизнис форум на високо ниво во чии рамки ќе се одржат и Б2Б средби. (х. „Изгрев“ /13:00) Радовиш – Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионални патишта, Беким Мемеди, ќе извршат увид во рехабилитација на регионалниот пат Радовиш – Плачковица. (изјави за медиумите пред зградата на општина Радовиш /14:30) Скопје – Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ) организира настан за спасување пари од уништување поради корупција „Свири крај!“ (плоштад „Македонија“/09.00, изјави за медиуми на Џулијан Васало, заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Софка Пејовска Дојчиновска, член на Државната комисија за спречување на корупцијата  и Анета Арнаудовска, виш советник за борба против корупцијата во Секретаријатот на РАИ /11:00) Скопје – Дирекцијата за ТИРЗ и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) ќе потпишат договор за соработка и партнерство. (Клуб на пратеници /10:00) Скопје – Годишен состанок на Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина. (14:00) Скопје – Заедничка прес-конференција на градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Петре Шилегов и Висар Ганиу. (во дворот на ООУ „Лирија“ /11:00) Скопје – Јавен настан насловен „Самодоверба, комуникација, мотивација“ во организација на Општина Аеродром и ЕУ Институт Скопје. (во Паркот на светлината, спроти Мајчин дом /18:00) Скопје - Панел дискусија на ЦИВИЛ „Изборните реформи во пресрет на локалните избори: постигнувања и предизвици“. (х. Парк Резиденс, зад Градскиот фудбалски стадион и на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ /13:00) Скопје – Македонската иновативна компанија „Арел невромаркетинг“ ќе одржи презентација „Запознавање со принципите на невромаркетингот“. (х. „Хилтон“, сала „Дијамант“ /13:00) Скопје – Премиера на младинската претстава „Подрум", наменета за возраст од 14+ години, авторски текст и режија на Драган Довлев. (НУ Театар за деца и младинци /20:00) Скопје – Премиера на филмот „Сите против сите“ во чест на 30 години независност на Република Словенија. (во киносалата на Кинотеката на Северна Македонија /20:00) Скопје – Промоција на книгата „Брезите што шумеа крај Темза“ од Катерина Серафимовска. (во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“/19:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан