• понеделник, 30 декември 2024
МИА Најави – МКД
31 март 2021 Љубљана – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе престојува во официјална посета на Словенија, каде ќе се сретне со министерот за надворешни работи Анже Логар  (по средбата предвидена е прес-конференција која ќе биде во живо пренесувана на следниот линк: https://mzz.webex.com/mzz/j.php?MTID=m2bb5f1f6bbc30ace90ae0b67d3b4ee95  /11:45)
Скопје – Министерот за надворешни работи Бујар Османи е домаќин на Доминик Отберг, регионален директор на француската Агенција за развој (АФД), кој ќе одржи неформален брифинг со медиумите, каде ќе одржи презентација за улогата и претстојните активности на Агенцијата во земјава. (МНР, Голема сала на први кат/11:00) Скопје - Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши. (на македонски јазик https://www.youtube.com/watch?v=8wvv2bN9ucc и на албански јазик https://www.youtube.com/watch?v=UwELCE6IFfs /10:30) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 47-та седница. (на платформата ZOOM https://zoom.us/j/97483105446?pwd=c1VtdXFpc2hPZ21obVFYbHFDbU5EZz09  /11:00) Скопје – ЕВРОТИНК организира онлајн конференција „Јакнење на отпорноста кон организираниот криминал на Западен Балкан“. (на платформата ZOOM/13:00) Скопје - Францускиот институт во Скопје и  Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје организираат дебата на тема „Зошто превод“ со што ќе се затвори Месецот на Франкофонијата. (на платформата ZOOM https://bit.ly/3tXAde8 Лозинка: 000000 /11:00) Скопје - Civil Rights Defenders и Институтот за европска политика – Скопје организираат виртуелна конференција „Темел на човековите права: Ефективни национални институции за Западниот Балкан“. (преку повеќејазичната веб платформа КУДО /11:00) Скопје - Дебата на темата: „Лица со попреченост: Успешни политичари или предизборно оружје“. (на платформата – ZOOM /20:00) Скопје - Трет ден на Националната конференција за клима - Визија и цели за справување со промените во климата 2030/2050.  (стрим на Фб-страниците на https://www.facebook.com/search/top?q=Eko-svest и на  https://www.facebook.com/search/top?q=CNVP%20Foundation /10:00) Скопје - Прв виртуелен саем за вработување во стартап компании - Startup Jobfair. (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_O9t0K6U8TemZv4Yu_T5xFA и на Фејсбук Лајв /15:00) Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе присуствува на доделувањето на признанијата за средните училишта на Град Скопје. (во дворот на СУГС „Васил Антевски Дрен“,  ул. „Вера Јоциќ“ бб/13:30) Битола - Прес-конференција на градоначалничката Наташа Петровска, за нови еко минибуси. (Општина Битола/11:00) Скопје -  Општина Карпош и здружението „ТАКТ“ организираат панел дискусија: „Локални иницијативи за поголема вклученост на лица со попреченост во здрав и активен начин на живот“. (Спортско-рекреативен центар во ООУ „Лазо Трповски“, ул. „Радика“ бр. 9/11:00) Скопје – Омаж: Љупчо Тодоровски – УПА. (Кинотека/19:00) Скопје - Прес-конференција за зачленувањето на МКЦ во Liveurope. (МКЦ/10:30)
Битола - Комеморативен собир за Коста Хаџиантоновски, творецот на Мал битолски Монмартр. (Завод и музеј Битола, пацио/12:00)
__________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан