• среда, 28 август 2024
МИА Најави – МКД
12 јуни 2021 Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе потпише спогодби за испраќање економски советници од Министерството за економија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. (хала на МНР/11:00, медиумските екипи да пристигнат најдоцна/10:30) Берово - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски ќе извршат увид на реконструкција на патниот правец до село Двориште  кој се реализира преку проектот за „Поврзување на општините со локални патишта“. (изјави за медиуми се предвидени во с. Двориште/11:00 часот) Скопје -  Шести конгрес на партијата Сојуз на Ромите од Македонија - СРМ и промовирање на документарен филм за Амди Бајрам. (х. „Александар Палас“/12:00) Скопје -  НУ Драмски театар Скопје ќе одржи омаж со наслов „#Драмски за Конески“, по повод одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески. (20:00) Велес - Народниот театар „Јордан Х.К.-Џинот“ во Велес во рамки на свеченото затворање на „Рациновите средби“ премиерно ќе ја изведе претставата „Петтото годишно време“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, а во изведба на балерината Олга Панго. (на големата сцена „Петре Прличко“/20:00) Струмица - Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата — Струмица, „Град на културата“ за 2021 година. (на сцената во Домот на културата „Антон Панов“/20:00) Скопје – Премиера на „Супербајкастично“, еко бајка по авторски текст на Горјан Милошевски, а во режија на Игор Ивковиќ. (НУ Театар за деца и младинци/19:00) Скопје – Во рамките на четвртото издание на Record Store Day ќе биде промовирана  музичката компилација „Ние сме од Скопје“ издадена на винил за ПМГ Рекордингс Скопје. (МКЦ/12:00-17:00) Попова Шапка – Отворање на Информативно-едукативен центар. (во манастирскиот комплекс на Попова Шапка/13:00) Скопје - Хуманитарна трка за помош на онколошкото одделение на Детската клиника. (на кејот на Вардар, пред х. „Парк“/10:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан