
27 мај 2021
Ватикан - Папата Франциск ќе ги прими во аудиенција бугарскиот и македонскиот претседател, Румен Радев и Стево Пендаровски.
Лисабон - Шефовите на дипломатиите на земјите од ЕУ ќе одржат состанок за принудното приземјување на авионот на „Рајанер“ во Минск.
Брисел - Видео конференциски самит меѓу ЕУ и Јапонија.
Букурешт - На аукција се продава авионот на поранешниот романски претседател Николае Чаушеску.
Кигали - Францускиот претседател Емануел Макрон е во посета на Руанда и ЈАР.
Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел и покраинските премиери ќе разговараат за забрзување на кампањата за вакцинирање против коронавирусот во земјата.