МИА најави - свет
- 17 февруари 2021

17 февруари 2021
Токио - Почнува вакцинацијата во Јапонија.
Милвоки - Американскиот претседател Џо Бајден ќе учествува во „Таун хол“ на Си-Ен-Ен во текот на својата прва турнеја низ САД како претседател.
Брисел - Видео конференциска средба на министрите за одбрана од земјите членки на НАТО.
Брисел - Неделна средба на Европската комисија за пандемијата.
Краков - Самит на премиерите на Вишеградската четворка (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка).
Рим - Марио Драги ќе ја претстави програмата за работа на новата италијанска Влада пред Сенатот, кој потоа ќе треба да се изгласи за нејзината доверба.