• петок, 08 ноември 2024
МИА Најави - свет
18 мај 2022 Брисел - ЕК ќе го објави планот за постепено укинување на увозот на руска енергија. Вашингтон - Посета на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на САД. Брисел - ЕУ ќе објави извештај за трошоците за одбрана во Унијата. Луксембург - Евростат ги објави податоците за инфлацијата. Женева - Светската метеоролошка организација ќе го објави конечниот годишен извештај за состојбата со глобалните климатски промени. Бон – Средба на министрите за финансии и шефовите на централните банки на земјите од Г7. Есбјерг - Данска ќе биде домаќин на самитот за потенцијалот на енергијата на ветерот во Северното Море што ќе ѝ помогне на Европската унија постепено да ја прекине својата зависност од фосилните горива.

Остани поврзан