
17 мај 2022
Меѓународен ден против хомофобијата и трансфобијата
Брисел - Втор ден од Советот за надворешни работи на ЕУ.
Луксембург - Евростат ќе ја објави првата проценка за растот на бруто домашниот производ на ЕУ и еврозоната и за стапките на вработеност.
Брисел - Министрите за одбрана на ЕУ се собираат на дебата за состојбата со војната во Украина.
Јоханесбург – Треба да почне судењето за корупција на поранешниот јужноафрикански претседател Џејкоб Зума.
Стокхолм - Финскиот претседател Саули Ниинисто ќе отпатува за Стокхолм во посета на шведскиот крал Карл XVI Густаф.
Карлсруе -Германскиот Уставен суд ќе донесе пресуда за контроверзниот данок на кревети, на кој се жалеа повеќемина сопственици на хотели.
Кан – Почнува Канскиот филмски фестивал.
Отава -Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила до четврток ќе престојуваат во Канада.