МИА Најави - свет
- Брисел - Европската комисија ќе претстави предлози за легална имиграција и дигитализација на визните процедури, предлог за борба против постапката на „замолчување“ на новинарите или свиркачит

27 април 2022
Брисел - Европската комисија ќе претстави предлози за легална имиграција и дигитализација на визните процедури, предлог за борба против постапката на „замолчување“ на новинарите или свиркачите и предлог за прилагодување на „следните фази“ на пандемијата на Ковид-19.
Мадрид - Седница на Генералното собрание на Светската туристичка организација, на која ќе се расправа за исклучувањето на Русија.
Њујорк - Неформален состанок на Советот за безбедност на ОН за тврдењата за злоупотреби и злосторства во Украина, на иницијатива на Франција и Албанија.
Сараево - Американската помошничка државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид е во посета на Босна и Херцеговина во рамките на нејзината посета на регионот.