МИА најави - свет
- Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден ќе отпатува за Вашингтон за денот на инаугурацијата.

19 јануари 2021
Вашингтон - Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден ќе отпатува за Вашингтон за денот на инаугурацијата.
Брисел - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија Жозеп Борел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе разговараат за администрацијата на Бајден и односите со Турција.
Стразбур - Дебата во Европскиот парламент за транспарентноста на договорите за вакцини против Ковид-19.
Берлин - Канцеларката Ангела Мекел ќе разговара со регионалните лидери за заострување на мерките против коронавирусот.
Рим - Италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе се обрати пред Сенатот во врска со политичката криза во земјата.