• четврток, 29 август 2024
МИА Најави МКД
27 септември 2021  Скопје - Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност организира дводневен свечен научен собир „Современата македонска држава - две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година“ на кој се најавени обраќања на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, поранешните Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов и претставници од кабинетите на првиот и вториот претседател, Киро Глигоров и Борис Трајковски. (МАНУ, отворање на собирот / 10:00) Брдо кај Крањ - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери ќе учествува на Десеттиот состанок на претседатели на парламенти на земјите од Западен Балкан, во организација на Националното собрание на Република Словенија. Ресен - Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, ќе присуствуваат на традиционалната манифестација „Преспански  јаболкобер“ во Ресен, во склоп на фабриката „Свислион“. (Настанот започнува во 11:00 часот, кога се предвидени и изјави за медиумите) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе се обрати на настан по повод одбележување на Светскиот ден на туризмот - 27 Септември. (Клуб на пратеници /11:00; Изјави за медиумите по завршување на настанот) Скопје - Охридски безбедносен форум (вебинар) на Маршал-центар, Алумни асоцијацијата во Република Северна Македонија, на тема „Западниот Балкан по коронавирус кризата: евроатлантската перспектива“. (9:00 - 15:00) Скопје - Регионална „Конференција за медиумска писменост ЕУ - Западен Балкан: Справување со дезинформациите“ во организација на Делегацијата на Европската Унија во земјава и Македонскиот институт за медиуми. (Музеј на современа уметност / 13:00 -17:30) Скопје - „Разговори со лидери - економски и политички перспективи за развој на Балканот” - тема на првата конференција од новата програма на М6 Едукативниот центар насловена „М6 Чекор напред“. Скопје - Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ организира креативна работилница за деца по повод месецот на детското здравје. (Игралиште во населба Аеродром кај Мајчин дом, спроти градинката „Срничка“ и ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ / 11:00) Скопје - Прес-конференција на Граѓанското движење „Аваја“. (Пред Државен завод за статистика / 12:00) Скопје - Прес-конференција на Националната опера и балет по повод премиерата на операта „Палјачи“ од Руџеро Леонкавало, закажана за 30 септември 2021. (Фоаје на Националната опера и балет / 10:30) Скопје - Националната галерија организира онлајн-дискусија на тема „Кога науката и уметноста се преклопуваат“. (18:00 / регистрација на линкот: https://zoom.us/webinar/register/WN_e4fAs5M6Rj22QgMaoOtRpg) Локални избори 2021: Битола - Централен настан на караванот „Најдоброто за мојата општина“ на СДСМ во Битола (20:00) и претходно средби со граѓани на Демир Хисар. Охрид - ВМРО-ДПМНЕ ја почнува изборната кампања „Создади нова иднина!“ во Охрид. (Антички театар / 18:00) Гостивар - Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја почнува изборната кампања во Гостивар. (Пред Центарот за култура / 18:00) Скопје - Прес-конференција на Твоја партија.(Пред ДИК / 10:30) Скопје - ЦИВИЛ почнува серија прес-конференции под заеднички наслов „Изборен рапорт“. (Фејсбук и  Јутјуб-канал на ЦИВИЛ / 11:00) ___________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан