• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави МКД

11 јули 2020 

Скопје – Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе направат увид во градежните активности за изградба на новиот стационар на ЈП „Лајка“, по што ќе дадат изјави за медиумите. (12:30) Скопје - Изложба на слики, цртежи и графики од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“. (Галерија Остен, „Максим Горки“ 16а/20:20)
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020  Скопје - Потпишување на „Нов договор за образование и млади" - Декларација за  младите, образованието и иднината меѓу Универзитетските студентски собранија на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“, „Мајка Тереза“, „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ и претставници на политичките партии. (Парк на новинарите/10:50) Кавадарци/Јегуновце – Караванот на коалицијата „Можеме“ ќе ја посети општина Кавадарци (19:00) и општина Јегуновце (20:30) Ранковце/Кратово/Крива Паланка – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе го посети Градскиот пазар во Крива Паланка (12:00), пред Општина Крива Паланка ќе даде изјава за медиуми (12:30), ќе посети штанд во центарот на Крива Паланка (13:00), во посета на МК Конопница - Крива Паланка (13:10), во посета на МК Мождивњак - Крива Паланка (14:00), општина Ранковце (17:00), општина Кратово (18:30) и општина Крива Паланка (20:30)

- Носителот на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјаноска Давкова, ќе оствари средба со носителот на ИЕ 5, Игор Дурловски во с. Манастирец Македонски Брод (9:30), ќе присуствува на трибина „Проблеми, предизвици и можни решенија за образованието во Македонија – образование за време на Ковид 19: на електронска врска или без врска?“. (парк „Шопен“ во Кисела Вода/19:00)

-Носителот на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе даде изјава за медиуми од Горно Оризари во општина Шуто Оризари (13:30)

-Носителот на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе даде изјава по прошетката на градски пазар во Крива Паланка (12:45), ќе ја посети општина Ранковце (17:00), општина Кратово (18:30) и општина Крива Паланка (20:30)

-Носителот на ИЕ 4, Александар Николоски, на средба со целна група ловци, заедно со претседателот на Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Дарко Лазаров (15.30), а потоа на средба со граѓаните во населба Тризла општина Прилеп (18:00)

- Носителот на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе даде изјава за медиуми пред Леар во Тетово (12:15), а изјава ќе даде по настанот дружење и дебата со УМС, на локација Жена Парк во Тетово (18:45)

Скопје - Демократскиот сојуз ќе го одржи Шестиот конгрес, на кој ќе се расправа за приоритетите на партијата во наредниот четиригодишен период, како и за предизборните активности. (пред х. „Белви“/11:00)

Охрид - Граѓанско демократската унија - ГДУ организира трибина „Разговор под дрвото“. (Канео/12:00) Скопје - Прес-конференција на носителот на листа во ИЕ 2 од Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија", Јове Кекеновски. а платото пред споменикот на Александар Македонски во општина Гази Баба/10:00) Скопје - Прес - конференција на коалицијата „Сега е време“. (Плоштад „Скендербег“/11:30) Скопје - Прес-конференција на Цивил. (х. „ПаркРезиденс“/13:00)
_____________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан