• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави МКД
26 мај 2021  Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со амбасадорот на Казакстан, Жанибек Абдрашов. (Стар кабинет/10:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/12:00) Скопје - Средба на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, пред нивното заедничко заминување за Рим. (Меѓународен аеродром Скопје, фоторепортери и сниматели/11:00) Рим - Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во посета на Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“. Скопје - Прес-конференција на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот. (http://vlada.mk/17:45) Скопје - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби, ќе учествува на јавната дебата организирана од ЦИВИЛ на тема „Европските вредности – (не) возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“. Хотел Парк Резиденс (сала Њујорк) / 13:00 часот) Кавадарци - Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир ќе присуствуваат на настан за промоција на потпроектот „Развој на ено-гастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“.  ( Пред Винарската визба Тиквеш во Кавадарци/12:30 - изјави околу 13:00)  Скопје - Во рамки на втората фаза од кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“, чија цел е запознавање на идните средношколци со перспективите и можностите кои ги нуди овој тип на образование,  министерката за образование и наука Мила Царовска ќе посети скопските средни стручни училишта „Здравко Цветковски“, „Георги Димитров“, „Владо Тасевски“ и „Димитар Влахов“. (Изјави за медиуми се предвидени во 11:15 часот во СУГС „Владо Тасевски“) Скопје - Советот на Град Скопје ќе ја одржи 71-та седница. (11:00) Скопје - Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција ќе го презентираат Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор. (https://zoom.us/j/99436379266?pwd=bDJ6RTY0ejB1SHlJdnY3KzI5dytOZz09/13:00) Луксембург - Европскиот ревизиски суд ќе одржи брифинг на кој ќе биде презентиран претстојниот извештај за буџетот на ЕУ. (10:00)  Скопје - Македонскиот центар за меѓународна соработка ќе одржи онлајн дебата „Организации од јавен интерес – регионалните и домашните искуства во пресрет на измената на Законот за здруженија и фондации“. (https://us02web.zoom.us/j/89328055475/11:00) Пехчево - Одбележување на Меѓународниот ден на пчелата во организација на Амбасадата на Република Словенија, општина Пехчево, Едукативниот Центар за зачувување на природата Негрево и Јадрената група на пчелари од Брегалничкиот регион - Меден Исток. (с.Негрево/10:30) Скопје – Дваесет и четиричасовна Светска виртуелна конференција за жени во технологија на тема „Дигитална еднаквост за сите“ во организација на Глобалното движење „Women in Tech“. (https://lnkd.in/dDNAnrp/13:00 - нашата земја ќе се претставува од 19:00-20:00)  Скопје -  Прес-конференција на Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС), на која ќе бидат понудени предлози до државните институции за одржливи решенија против измамите со отпад како гориво. (ЗУМ -  https://zoom.us/j/98951706570/ 11:30)  Скопје - Доделување на „Златниот објектив“ на Спасе Тасевски и Коле Манев. (Двор на кинотечното летно кино „Мирно лето“/12:00) Прилеп - „Поетска средба во Небрегово“ во организација на Друштво на писатели на Македонија. (Пред спомен-домот на Блаже Конески во Небрегов/12:00) Скопје - Премиерна изведба на „Игри на животот“. (Национална опера и балет/20:00) Скопје - Праизведба на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од авторката Нина Плавањац. (Сцена на Македонскиот народен театар/20:00) Скопје - Изведба на театарската претстава „Да го поздравиш и да ми го бациш“, во продукција на зружението „Артопија“. (https://www.facebook.com/events/943311023091237/20:00) Битола - Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ (Центар за култура / 12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан