• вторник, 27 август 2024
МИА Најави МКД
10 јуни 2020 Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се обрати на свеченоста по повод одбележувањето на 10 Јуни, Денот на воздухопловниот ВИНГ. (касарна „Страшо Пинџур“ во Петровец/ 11:30, медиумите да бидат на влезот на касарната најдоцна во 10:45)  Белград - Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, ќе оствари работна посета на Република Србија. Скопје – Прес-конференција на Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори. (пред седиштето на ССК/ 11:00) Скопје – Прес-конференција на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев. (зграда на ССМ, во амфитеатар на 12 кат/ 11:30) Неготино - Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски во присуство на градоначалникот на Неготино, Тони Делков ќе изврши увид во градежните активности на спортската сала „Младост“. (12:00) Скопје - Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и на градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев ќе дадат изјави на улица „Никола Русински“ во Карпош 3, крајниот дел на улицата која води кон ТЦ „Сити мол“, спроти „Срна“ (12:00) Тетово - Прес-конференција на ДПА. (Во седиштето на партијата/11:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан