• вторник, 17 декември 2024
МИА Најави МКД
23 март 2022 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ги одржи 47, 50, 54, 57, 61 и 64 седница. (голема сала/12:00/12:10/12:20/12:30/12:40/12:50) Скопје - Седница на Законодавно-правната комисија. (Сала 6/11:00) Скопје - Собраниската комисија за економски прашања ќе ги одржи 12. и 10. седница. (Сала „Борис Трајковски“/11:00/12:00) Скопје -  Уставниот суд ќе ја одржи 9. седница. (09:30)
Скопје - Евроамбасадорот Дејвид Гир ќе ја отвори конференцијата „ЕУ за општините“. (х.„Лимак“ и преку https://us02web.zoom.us/webinar/register/WN_vdCX00qSQUmiUpMUUDaKOQ/11:00)
Скопје - Амбасадата на Италија и ITA – Italian Trade Agency организираат конференција на тема „Дизајнот и новите технологии за одржлива иднина“ во рамки на 6-тото издание на ITALIAN DESIGN DAY. (х.„Александар Палас“/10:30)
Скопје - Управата за хидрометеоролошки работи ќе го одбележи 23 Март - Светскиот ден на метеорологијата.
Скопје - Прес-конференција на в.д. директорот на ЈСП, Иван Илиевски. (ЈСП Скопје-Автокоманда/11:00)
Скопје - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и гранските синдикати при КСС ќе одржат прес-конференција. (Пред канцелариите на КСС/11:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе изврши увид во втората фаза од чистењето на река Серава. (нас.Радишани, последна 57/10:30, изјави за медиуми по увидот)
Тетово - Советот на Општина Тетово ќе одржи состанок на кој ќе се дискутира за работата и активностите на Општинскиот инспекторат. (Општина Тетово, голема сала/11:00)
Скопје - Прес-конференција на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и нејзините претставници во Советот на Општина Центар. (пред влез на поранешната фабрика „Треска“, бул. „Теодосиј Гологанов“/14:00)
Скопје - Работилница на тема „Зачувување на местото и просторот на маргинализираната припадност преку културата, наследството и уметност - Истражување и анализа на улогата на културното наследство и уметноста“ во организација на Универзитет Амстердам (Холандија), Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Културно наследство без граници (Албанија). (МКЦ, кино Фросина, горно фоаје/10:30)

Штип - Дебата посветена на реупотребата на текстилниот отпад во организација на Ино Тех Клуб, Универзитетот „Гоце Делчев“ и Фондацијата за развој на локалната заедница. (Центар за култура „Ацо Шопов“/18:00)

__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан