• сабота, 23 ноември 2024
МИА Најави МКД
11 јуни 2020 Делчево - Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе оствари работна посета на општина Делчево и со градоначалникот Горан Трајковски ќе извршaт увид во реализација на инфраструктурни проекти во општината. (изјави на ул. „Маршал Тито“/13:45) Гевгелија - Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска во рамки на своите работни активности, ќе ја посети полициската станица за гранични работи и ќе оствари работен состанок со раководството на ГП Богородица. (изјава за медиумите пред ГП Богородица/12:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Кисела Вода и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Филип Темелковски и Јани Макрадули ќе извршат увид во завршените работни активности за поставување на нови прозорци и надворешни врати во градинката „Расадник“. (ул. „Христо Татарчев“ бр. 45, во населбата Расадник/12:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски ќе дадат изјави на ул. „Козле“ 1, Средно Нерези. (на почетокот на патот кој води до Горно Нерези/13:00) Скопје - Прес-конференција на Синдикатот на Полицијата. (пред зградата на ССМ/12:00) Скопје - Прва онлајн театарска премиера на претставата „Илузии“. (на каналот на Wonderland Theatre, на Youtube:https://www.youtube.com/user/wonderlandtheatremk/featured) Скопје - Поетско музички перформанс „Љубовта е најважна“. (во паркот пред КИЦ - Скопје, на отворено, настанот ќе се биде проследен и на Live Stream на ФБ страницата на КИЦ - Скопје/11:00) Скопје - Онлајн промоција на две книги „Изградување на изговорот, говорот и јазикот кај децата и возрасните“ и „За секоја буква приказна“ од авторите Владо Димовски и Јордан Јорданоски. (на платформата ZOOM или на „Фејсбук“ преку профилот на „Литература.мк“/19:00) Скопје - Онлајн изложба „Да бидеме заедно, додека сме разделени“ во организација на Културно социјалниот простор „Центар-Јадро“ и Јадро-Асоцијација на независната културна сцена. (https://www.facebook.com/events/392967951617530/permalink/392967954950863/?notif_t=page_post_reaction&notif_id=1591781577021281) Скопје - Отворање на изложбата на цртежи „Слободен влез“ од ликовниот уметник Марија Талеска. (ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2) Скопје - Меѓународен проект - Кратка школа за германското театарско умеење/Short school of German theater knowledge – две дигитални Скајп предавања на германскиот драматург и театролог, Томас Ирме, Берлин/Потсдам. (Фејсбук ивент https://www.facebook.com/events/336593540641574/12:00-13:30) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан