• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
16 април 2022 Битола - Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани ќе ја пречекаат бугарската владина делегација предводена од премиерот Кирил Петков и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска.
- двете делегации ќе остварат посета на далноводот кој тргнува од „Битола 2“ и е дел на проектот за енергетско поврзување на Коридор 8, наменет за реализација на интерконекцијата Северна Македонија-Албанија. (15:30)
Скопје - Семинар на тема „Чудесниот свет на конзервацијата“ во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. (Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија)
Скопје - Прв промотивен настан на заедничката кампања на Европската Унија и Советот на Европа, „Блокирај ја омразата. Сподели љубов!“, која се фокусира на борбата против говор на омраза. (Двор на средното училиште „Јосип Броз Тито“/12:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе го пушти во употреба новото специјализирано игралиште за кошарка. (Двор на ООУ „Ацо Шопов“, нас.Радишани/12:00, изјави за медиуми по завршување на настанот)
Скопје - Велигденска воскресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ која ќе ја предводи скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. (21:00)
Кичево - Возобновување на древната традиција на носење врбови гранчиња со традиционални пенија т.н. каланди. (храм „Св. Петар и Павле“/10:00)
Скопје - Промоција на првата македонска инклузивна, едукативна и интерактивна книга за деца.„Цветната дружина. (Грин Хаус, Илинденска 94/12:00)
Скопје - Ден посветен на Хари Потер. (Книжарница „Литература.мк суперстор“,Скопје сити мол/11:00-13:00)
Скопје - Отворање на изложбата на карикатури од Лазо Плавевски. (Музеј на современа уметност/12:00)
 
___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан