• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД
23 јуни 2020  Новаци - Вицепремиерката и минисерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева во работна посета на трафостаницата Битола 2 во Општина Новаци. (Изјави за медиумите/13:15) Скопје - Трето предавање, проследено со разговор, од годинешата програма на КРИК - фестивал за критичка култура насловено: „Легитимизација на социјализмот: помеѓу корона вирусот, Маркс и Дионис Савопулос“, на Светлана Слапшак. (на Фејсбук страницата на фестивалот) Скопје - Онлајн средба насловена „Лице в лице со новата Земја -  соочување“, на која ќе се разговара за можните сценарија на развој на нашето опкружување, и светот воопшто, по соочувањето со пандемијата, на локално и глобално ниво. (на платформата ZOOM/15:00-17:00) Скопје - Отворање на самостојната изложба „НАТУРА“ на Тамара Забазноска. (Галерија МКЦ/20:00) Скопје - Потпишување на Декларација за фер, слободни и демократски избори помеѓу претседателите на подмладоците на политичките партии. (х. „Порта/11:30) Битола - ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата насловена Проект “Обнова”- се обврзуваме! (пред Домот на културата/13:00) Скопје - Граѓанско Демократската Унија, со политички перформанс, ќе го најави своето прво учество на парламентарните избори во Република Северна Македонија, на кој ќе се обрати претседателот Петар Колев, а ќе присуствуваат и сите носители на изборни единици.  (Градски парк, близу до Фонтана/12:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан