• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
15 септември 2020 Атина - Премиерот Зоран Заев ќе оствари работна посета на Грција каде ќе учествува на конференција во организација на „Економист“ и ќе има средби со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и со претседателката на Република Грција Катерина Сакеларопулу. Скопје - Министерот за правда Бојан Маричиќ на средба со претставници на медиумите. (на отворено во Клубот на пратеници/11:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош Сефан Богоев ќе се обрати на јавната дискусија на тема: „Спорт за сите“, во организација на Општина Карпош и здружението „ТАКТ“. (во дворот на Кинотека, на ул. „Никола Русински“ бр. 1/11:00) Скопје - Зелениот караван на ЦИВИЛ продолжува во Скопје со инфо штанд во Карпош со можност граѓаните да разменат искуства и ставови со тимот на ЦИВИЛ, а воедно ќе можат да учествуваат во видео анкетата: „Зошто зелено? Кажи го гласно своето мислење“. (пред Сити Мол/12:00) Скопје - Скопје филм фестивал (СФФ) ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на книжевникот, филмски сценарист и режисер Славко Јаневски со неговиот краткометражен игран филм „Давид, Голијат и петел“. (во летното кино „Мирно лето“/21:00)
_______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан