• среда, 27 ноември 2024
МИА Најави МКД
10 декември 2020  Скопје - По повод Меѓународниот ден на човековите права, ќе биде основана и промовирана „Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата“ во Собранието, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии. (сала на Уставна комисија/14:00) Скопје - Прес-конференција за новинари на пратеничката Маја Морачанин и пратениците од иницијативата за основање и промовирање на „Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата“ заедно со претставниците на невладините организации. (Кристална сала/15:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (сала 6/10:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала „Борис Трајковски“/13:00) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент,  на покана на претседателот на Комисијата, Дејвид Мекалистер. (https://www.europarl.europa.eu/news/en/press-room/20201207IPR93237/foreign-affairs-meps-welcome-north-macedonia-s-foreign-minister  /14:45) Скопје - Градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска свечено ќе ја отворат сензорната соба во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци. (10:00, по настанот предвидени се изјави за медиумите) Скопје - Панел дискусија „Права на припадниците на заедниците – состојба, трендови и предизвици“, во организација на АОПЗ. (х. „Хилтон“/10:00) Скопје - Коалиција „Сите за правично судење“ ќе одржи промотивен настан пред Основниот кривичен суд во Скопје за одбележување на Меѓународниот ден на човековите права. (10:00) Скопје - Нобеловецот Мохамед Јунус главен гостин на онлајн настанот што се организира по повод официјалното отворање на Јунус центарот за социјални бизниси. (по регистрација на линкот   https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZArdOmvqz8pG9LKnjUxDOyRVsWwNZtISm1j автоматски добивате линк за вклучување / 14:00) Скопје - „Следна Станица: Европа“ – Конференцијата на ЦИВИЛ за човекови права, правда и антикорупција. (на Фејсбук страницата и YouTube видео каналот на ЦИВИЛ /12:00) Скопје - Брифинг за медиумите за ГЛОБСЕК Трендови 2020, каде што за првпат ќе бидат презентирани податоците од истражувањето на јавното мислење кои опфаќаат девет земји од Централна Европа и Западен Балкан. (на платформата ZOOM /10:00) Скопје - Виртуелен настан за врежување -WEgate Annual Summit 2020. (9:30-16:30) Скопје - Онлајн-промоција на „Прагматика: Јазик и комуникација“, прва книга во Македонија посветена на нова научна дисциплина. (на Фејсбук-страницата „Литература.мк“ /19:00) Скопје - Музичари од оркестарот на Филхармонија ќе одржат камерен концерт насловен „Филхармонија за Филхармонија“. (во големата сала/20:00) Скопје - Отворање на изложбата „Пасија - Смртта умира“ на Никола Пијанманов. (Галерија „Метаноја“, ул. „Максим Горки“ бр. 19/18:00) Скопје - Прес-конференција на Камерниот оркестар „Скопски солисти“ по повод 20 години уметничка дејност. (Национален ресторан „Пелистер“/11:00) Скопје - Добитниците на Конкурсот на Националната галерија за зрел уметник и конкурс за млад уметник - 2020 ќе се претстават во Мала станица. (19:00) Скопје - Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја организира изложбата „МиниАРТура“. (Уметнички центар АРТ ХАБ, ГТЦ 2 кат, локал 306) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан