• сабота, 16 ноември 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
26 јануари 2022  Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 61. седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија. (Сала 6/10.30) Тетово - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе го посети Универзитетот во Тетово, каде ќе оствари средба со ректорската управа. (10:30, изјави за медиуми/11:00) Скопје - Министерството за надворешни работи организира настан за комеморативно одбележување на 27 Јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.  (Меморијален центар на холокаустот/10:00) Скопје -  Во организација на Европското движење ќе се одржи 10. сесија на Националната конвенција на тема „Спречување и борба против тероризмот“. (https://us02web.zoom.us/j/87012849611/9:30) Скопје - Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски ќе одржи прес-конференција. (Општина Гази Баба, барака број 6/11:30)

Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе даде изјава за медиумите во врска со инвестициите во клоновите на градинката „11 Октомври“. (Градинка „11 Октомври“/10:30)

Скопје - Промоција на книгата „Секоја работа надвор од уметноста е губење време“ на уметникот Доротеј Нешовски. (КСП Центар - Јадро/20:00) Скопје - Онлајн промоција на книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов. (Фејсбук-страница на издавачката куќа „Арс Ламина“/19:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***    

Остани поврзан