• петок, 19 јули 2024
МИА Најави МКД
12 јуни 2020 Скопје - Обраќање на претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски. („Вила Водно“/12:00; медиумските екипи да пристигнат најдоцна/11:30) Блаце - Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи заедно со претседателката на Собранието на Косово, Вјоса Османи и генералниот командант на КФОР, Мишел Риси, по повод  21-годишнината од ослободувањето на Косово, односно престанокот на НАТО бомбардирањето на Косово ќе го посетат Музејот на српскиот геноцид „Блаце '99“. (17:30) Битола - Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска ќе извршат увид во текот на градежните работи на потпроектот „Реконструкција на Офицерскиот дом во Битола“. (13:00) Криволак - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе направи увид во активностите кои ги изведува инженерискиот баталјон на армискиот полигон „Криволак“, а кои се однесуваат на проширување на капацитетите на полигонот. (10:00, екипите треба да бидат на влезот на АП „Криволак“ најдоцна до 09:00) Скопје -  Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски ќе ги презентира избраните проекти од „Предизвик за млади истражувачи 3“. (настанот ќе биде пренесуван во живо, директно од Медија центарот на Владата, на официјалниот јутјуб канал на Влада на РСМ и социјалните профили на ФИТР/11:00)   Битола - Директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски ќе направи увид во градежните активности на затворениот пливачки базен во општина Битола, кој се наоѓа во ОУ „Даме Груев“, како и на реконструкцијата на кугланата во спортска сала ,,Боро Чурлевски". (12:00) Скопје - Прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата. (пред седиштето на ДКСК, на  ул. „Даме Груев" бр. 1/13:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе даде изјава за медиуми во пресрет на почетокот на изведбата на новиот маалски центар на ул. „Иван Аговски“ бр.8, во Карпош 1. (11:15) Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на која ќе го презентира идејното решение за изградба на новиот објект – нова самоодржлива градинка во населбата „Пролет“. (сала на Совет во Општина Центар, барака 6/11:00) Тетово - Прес-конференција на претседателот на ДПА, Мендух Тачи. (седиште на партијата/11:00) Скопје - Прес-конференција по повод Интернационалниот ден на НАСХ - Не-алкохолен Стеатохепатитис и НАФЛД - Не-алкохолен замастен црн дроб. (Простории на НВО СЛАП - новата зграда Табана/11:00) Скопје - По повод 12 Јуни - Денот на Русија, Амбасадата на Руската Федерација на својата Фејсбук страница отвори онлајн изложба „Објекти на Светското културно и природно наследство на УНЕСКО во Русија”, а ќе одржи и онлајн концерт на руските артисти кои претходно настапуваа пред македонската публика со изведба на хорска, естрадна, класична музика. __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан