16 јуни 2021
Скопје - Седница на собраниската Комисија за надворешна политика. (сала „Борис Трајковски“/15:00)
Скопје - Премиерот Зоран Заев, генералниот директор на „АД ЕСМ“, Васко Ковачевски, сопственикот на „Фортис енержи електрик“ од Турција, Атилла Учкардеш и управителот на фирмата „ОСМ Солар-Скопје“, Константин Василев Ненов ќе се обратат на потпишувањето на договорите за изградба на фотонапонска електрана по принцип на јавно-приватно партнерство во Осломеј од 100 мегавати. (Влада на РСМ/11:00 и директно на линковите: https://www.youtube.com/watch?v=VAIywZ9kKno, https://www.youtube.com/watch?v=LtT6JrZwhMU)
Скопје - Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ќе присуствуваат на отворање на градинката „8-ми Април“ во Општина Шуто Оризари. (10:00)
Цирих - Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во тридневна службена посета на Швајцарската Конфередерација.
Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Стручната комисија при Министерството ќе одржат брифинг за новинари во врска со елаборатите за суспензија поднесени од Општина Центар. (во просториите на Министерството/13:30)
Скопје - Фондацијата „Фридрих Еберт“ и Еко-свест организираат настан на кој заедно со министерот за животна средина на РСМ Насер Нуредини, директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и специјалниот советник на Претседателот на Владата на РСМ Виктор Андоновски ќе дискутираат на тема: „Праведна или брза енергетска транзиција“. (на платформата ZOOM, https://wwf.zoom.us/j/93436503953?pwd=OTRxVXo2K2EvSnBsUnZja0lrRjlLUT09 /10:00)
Скопје - Дирекцијата за ТИРЗ организира панел дискусија на тема: „Јасни правила и дефиниции за подобни инвестициски трошоци и поефикасен систем за исплата и следење на државната помош“. (х. „Хилтон“/12:00, изјави за медиумите/12:30)
Сопје - Јавен настан на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. (х. „Сити Парк“, кај општина Центар и на Фејсбук страницата и на видео каналот на ЦИВИЛ /11:00)
Скопје - Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) почнува со организирање на серија на јавнидебати насловени „Што сакаат младите?“. (Двор на Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“/11:00)
Скопје - Здружението Лидери за едукација, активизам и развој Скопје организира јавна расправа: Од ветено до реализирано? Колку локалните младински политики беа во фокус на градоначалниците? (Рагуза 360/11:00)
Скопје - Тимот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ организира вебинар со наслов: „Борба против дезинформации за Ковид-19“ (https://www.facebook.com/events/2980682045476651/15:00-16:00)
Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски во посета на детската ликовна колонија „Љубанци 2021“. (изјави за медиумите во дворот на ОУ „Гоце Делчев“ во Љубанци/14:00)
Скопје - Проекција на новата, дигитално реставрирана копија на првиот македонски игран филм „Фросина“ на режисерот Војислав Нановиќ. (во летното кино на Кинотеката/20:00)
Охрид - Дваесетто издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ – Охрид 2021.
Скопје - Промоција на книгата „Ecriture feminine и романот: прилог кон феминистичката теорија на жанрот“ на Марина Мијаковска. (на покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“/19:00)
Скопје -Изложба на фотографии „Африкански лица“ на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски. (Музеј на Македонија/20:00)
__________________________________________________________________
МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини