• вторник, 24 декември 2024
МИА Најави МКД
14 март 2022  СкопјеВисокиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ и потпреседател на ЕК Жосеп Борел во посета на Северна Македонија. Борел ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и лидерите на опозициските партии. -Средба со претседателот Пендаровски. (Кабинетот на претседателот / 09:00) -Прес-конференција со премиерот Ковачевски. (12:00, ќе се емитува на EbS и на фб на Делегацијата на ЕУ во Скопје) Тетово - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе ја посети мелницата „Kokrra e Artë” во с.Порој. (Ул.Невзат Халили бр.101 / 10:30, изјави за медиумите во 11:00) Скопје - Конференција за женското претприемништво „Од марш за работнички права до дигитална економија“ под покровителство на сопругата на претседателот на државата Елизабета Ѓоргиевска во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП). ( х.Хилтон / 09:30, изјави на извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска од 09:30, настанот е хибриден и може да се следи со физичко присуство или онлајн на следниот линк)

Битола - Македонско научно друштво-Битола организира трибина на тема „Енергетската ефикасност како предизвик за поквалитетен и одржлив развој на средината“. (Универзитетска библиотека / 18:00)

________________________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан