МИА Најави МКД
- 28 септември 2022
28 септември 2022
Скопје – Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/10:45)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставна комисија/11:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/11:30)
Скопје – Конференција на тема: „За состојбите поврзани со спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Северна Македонија. (х. „Буши ресорт и СПА/10:00)
Скопје – Меѓународна работилница: „Како до поефикасна селекција и рециклирање на амбалажниот отпад“ во организацијана ПАКОМАК. (х. „Мериот“/10:00)
Скопје - Завршен настан на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во Скопје“. (ОУ „Димитар Македонски“, населба Лисиче, ул. „Ѓорѓе Андреевиќ“ – Кун 22/ 11:00)
Скопје – Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски ќе оствари средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, со фокус на енергетска криза, состојбите во реалниот сектор и можностите за намалување на негативните ефекти. (ССК, ул. „Црвена скопска општина“ бр. 10/ 13:00, по завршување на средбата предвидени изјави за медиумите)
Скопје – Јапонскиот амбасадор Савада ќе присуствува на церемонија по повод затворањето на проект во рамките на Јапонската програма за мали проекти односно GGP. (во ЈЗУ Здравствен Дом – Скопје, во комплексот кај Поликлиника „Букурешт“, главен влез/ 11:00)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Левица, Димитар Апасиев, по повод поднесувањето на иницијативата за референдум до ДИК. (пред ДИК/ 11:30)
Скопје - Глобалниот клуб на жени лидерки Г100 - Скопје организира настан како дел од Балканскиот проект на Глобалниот клуб на жени лидерки Г100. (Универзитет за туризам и менаџмент/ 13:00)
Попова Шапка – Регионален саем „Убавините на регионот Шара – Кораб – Коритник“ во организација на Македонското еколошко друштво и Пријателите на Шара. (х. „Скардус“/ 14:00 – 17:00, изјави за медиумите/ 13:30)
Битола – Манифестација „Незаменливиот вкус на традицијата“ во организација на Зелена берза. (во објектот на Синпекс Битола во индустрискиот дел на градот, на улица Индустриска бб/ 12:00)
Скопје – Македонски форум за одржлива и еколошка мода и дизајн. (КСП „Центар – Јадро“, на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр. 2 во Дебар Маало/ 12:00 – 20:00)
Тетово – Седницана Советот на Општина Тетово. (во големата сала на Општина Тетово/13:00)
Скопје – Промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ (есеи) од проф. д-р Иван Џепаровски. (КИЦ, Салон Империјал 2/19:19)
Скопје – Прес-конференција по повод првото издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров". (Н.У. Театар за деца и младинци/11:00)
Струмица – Концерт на класичното камерно дуо „Екс Македоникум“. (Центар за култура „Антон Панов“/19:00)
Куманово – Отворање на ретроспективно-монографската изложба на Крсто Славковски. (Уметничка галерија/20:00)
Гевгелија – Прес-конференција на Видеолотарија Касионос Австрија по повод пуштање во употреба на реконструираното мултифунционално игралиште. (на игралиштето ДТВ Партизан во близина на градскиот стадион, ул. „Први Мај“ бб/13:00)
______________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***