• петок, 04 октомври 2024
МИА Најави МКД
16 ноември 2022 Скопје - Собранието ќе ја одржи 91-та сeдница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Сала 6/12:00) Скопје - Француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун во посета на Република Северна Македонија - Средба на претседателот на Владата на  Димитар Ковачевски со државна секретарка Бун - Прес-конференција на премиерот Ковачевски и државната секретарка Бун. (Медија центар на Владата/10.35, пристигнување на влезот од кај Медија центарот/10:00-10:25, на македонски-https://www.youtube.com/watch?v=bDrIoY9T33w, на француски -https://www.youtube.com/watch?v=tiomzin8n6Q)  - Претседателот Стево Пендаровски ќе ја прими државната секретарка Бун. (Кабинет на претседателот, сниматели и фоторепортери/11:15) - Средба на државната секретарка Бун со членовите на Националниот совет за евроинтеграции. (Сала на Уставна комисија/12:30)
Скопје - Министерска конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ). - Билатерална средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со Вит Ракушан, прв заменик премиер и министер за внатрешни работи на Чешка Република. (МВР, само инсерти без изјави за медиуми/10:30-11:10) - Изјави на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино. (х.„Лимак“/13:00, инсерти за медиумите) - Билатерална средба на министерот Оливер Спасовски со министерот за внатрешни работи на Црна Гора,Филип Аџиќ. (МВР, само инсерти, изјави не се планирани/15:00-15:40) Скопје - Уставниот суд ќе ја одржи 36-та седница. (Уставен суд/9:30) Скопје - Градоначалникот Стевчо Јакимовски и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, ќе дадат изјава за медиумите. (Пред просториите на Општина Карпош, ул. „Радика“ бр. 9, барака 1/13:00) Скопје - Брифинг за медиуми за презентирање на анализа на наоди на тема „#КажиСи - Утврдување на деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици во образовниот процес“ спроведена од Здружение на граѓани Младите можат и Здружение Лидери за едукација активизам и развој. (Канцеларија на ЛЕАД и Младите можат, бул Илинден бр.47-3/11:00) Скопје - Прес-конференција на движењето БЕСА (Седиште на БЕСА/12:00)  Скопје - Единствена Македонија ќе поденсе тужба во Управниот суд поради непостапување во законскиот рок од страна на директорот на Агенцијата за национална безбедност. (Изјава за медиуми/13:00)  Скопје - По повод Одбележување на 60 години од поплавата во Скопје, предизвикана од излевањето на реката Вардар, Музеј на град Скопје и МНК Син штит организираат изложба „Убавиот Бунтовен Вардар“ на Зоја Богдановска (Музеј на Старата скопска чаршија,Сули ан/12:00) и Форум „Управување со ризици од поплави за заштита на културното наследство“. (Музеј на старата скопска чаршија,Сули на/13:00) Скопје - Настан за меѓуетничка и меѓуверска толеранција, под мото „Чекориме заедно“ со главна тема соживот во организација на Inner Wheel Клуб Скопје Еуропеа. (Кинотека на Северна Македонија/12:00) Скопје - Изложба „Спомен куќата на Тоше - чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“ во организација на НУ Спомен куќа на Тодор Проески – Крушево. (Музеј на македонската борба за самостојност/18:00) Скопје - Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. (ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“/12:00) Скопје - Отворање на изложба на рециклирана фотографија под името АРТКРИЗИЈА на Игор Настевски. (Галерија Рудиќ/19:00) Скопје - Отворање на изложбата на слики од Дејан Иванов-Маргуш насловена “Пејзажи. (КИЦ, Салон Империјал 1/20:00) Скопје - Премиерна изведба на танцовиот перформанс „Ми треба ново тело“ на Викторија Илиоска. (МКЦ, сала „25 Мај“/20:00) Скопје - Комеморација по повод смртта на македонскиот раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Благоја Иванов. (Академска сцена на ФДУ/12:00)
__________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини*** 
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан