• вторник, 23 јули 2024
МИА Најави МКД
25 октомври 2021  Скопје – Прес-конференција на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со ЕК извештајот за напредокот на РСМ. (простории на ДКСК, ул. „Пресвета Богородица“ бр. 3/ 10:00) Скопје – Конференција посветена на земјоделското производство и прехранбената индустрија насловена: „Разговори со лидери – Градење на отпорни и одржливи земјоделско-прехранбени системи – предизвици и решенија за земјите од Западен Балкан”. (М6 Едукативен центар/ 17:00) Скопје – Онлајн разговор со познатиот научник д-р Иван Џикиќ на тема: „До каде сме во битката со КОВИД-19“. (на платформата ZOOM/ 12:00) Скопје – Вирално одбележување на Меѓународниот ден на операта во Република Северна Македонија со сопранот Ана Дурловски, авторка на македонската порака по повод денот на операта. Скопје – Концерт на солистите на Националната опера и балет по повод 25 Октомври – Светскиот ден на операта. (Национална опера и балет/ 20:00) Скопје – Концерт харфа на  Мерсиха Шукри. (Филхармонија, мала сала/ 20:00) Скопје – Концерт на Квартетoт „АУЛОС“ кој ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Денови на Европско Скопје“. (КИЦ, Салон 19:19/ 20:00) Скопје – Изведба на монодрамата „Последната лента на Крап“ и разговор со актерот Ѓорѓи Јолевски на тема: „Создавањето на Последната лента на Крап, идеја, процес, реализација и рефлексии". (МНТ/ 20:00) Скопје – Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“. (МКЦ, кино „Фросина“/ 20:00) Скопје – Изложба на дигитални колажи Некогашно место од Игор Поп Трајков. (Галерија „КО-РА“, голем салон, ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“/ 12:00) Скопје – Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961. (СЦ „Јане Сандански“, сала за прес конференции/ 12:00) Локални избори 2021: Скопје – ЦИВИЛ ќе сподели нови податоци и анализи од мониторингот на изборите во 25-то издание на Изборен рапорт. (прес студио на ЦИВИЛ во бизнис центарот „Палома Бјанка“ кат 3 или во живо на YouTube: https://www.youtube.com/c/CivilMacedonia и Facebook: https://www.facebook.com/civil.mk  /12:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан