• вторник, 26 ноември 2024
МИА Најави - МКД

17 август 2022 

Скопје – Прес-конференција на вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. (Медија центар на Владата, на македонски јазик: https://youtu.be/GN1pmLk4Q4g и на албански јазик: https://youtu.be/YorHQ6LOes8 /10:30) 

Скопје – Министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски ќе присуствуваат на целовечерниот настан на кој Армијата заедно со граѓаните ќе го прослави 18 Август – Денот на Армијата и овогодинешниот јубилеј „30 години Армија“. (Воен стадион во Градскиот парк/ 18:30) 

Скопје – Министерството за надворешни работи ќе одржи комеморација по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева. (во амфитеатарот на МНР/ 10:00)  

Скопје – Прес-конференција на претседателот на Здружението на лица со посебни потреби „СОС ВИТА“ – Скопје. (ул. „Џон Кенеди ББ“ бр. 1/ 11:00) 

Скопје – Прес-конференција по повод почетокот на националната кампања „Пошумуваме заедно за позелено утре“ во организација на „ДМ дрогерие маркт“ и нивните партнери од ЈП „Национални шуми“ и Факултетот за шумарство. (Градски парк на „Школка“/ 11:00) 

Охрид – 55. летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура. 

Битола – Прес-конференција на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.(Офицерски дом/ 11:00) 

Охрид – Прес-конференција по повод театарската претстава „Војна и мир“ од Лав Николаевич Толстој, во режија на Борис Лијешевиќ, а во изведба на Народниот театар Белград на „Охридско лето“. (Harbour/ 11:00) 

Скопје – Јога сесија со Весна Видовиќ Петков во рамки на културното лето „Cult+Alt+Repeat“. (во дворот на Младинскиот образовен форум (МОФ) и Радио МОФ/ 19:00) 

______________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан