• понеделник, 22 јули 2024
МИА Најави МКД
24 јули 2020 Неготино/Кавадарци - Инфо караванот за информирање и едукација за ИПАРД 2014–2020 продолжува со своите активности за аплицирање и искористување на Мерка 1 во Неготино (на локација Спомен Костурница/10:00), а потоа ќе се сретне и со заинтересирани граѓани во Кавадарци (Полициско Паркче/14:00) Скопје - Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје во партнерство со Европското движење организираат он-лајн научна конференција во чест на проф. д-р Димитар Мирчев – универзитетски професор, дипломат, интелектуалец посветен на оживотворување на напредните идеи и на европската интеграција на државата на тема: „Националниот идентитет и европската интеграција“. (на платформата ZOOM ID:979 4996 2123 и во живо на Фејсбук страниците @Filozofski.Fakultet.mk и @Evropsko.Dvizenje/11:00) Скопје - Црвен крст на град Скопје во пресрет на 26 Јули - Ден на солидарноста, традиционално организира низа активности во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарност и хуманост на нашите сограѓани. (во ДХО „Даре Џамбаз“/9:00-17:00), како и изложба на фотографии од наградуваниот авторот Виктор Лакен, кој за Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина ги изработи делата со наслов „Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“. (ул. „Македонија“,делот помеѓу продавниците на „Краш“ и „Сваровски“/10:30-13:00) Скопје - Медиа брифинг по повод резултатите од Конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година на кој  ќе бидат соопштени филмовите кои ќе бидат поддржани. (во дворот на ресторан „Лира“/13:00) Охрид - Прес-конференцијата по повод 40-годишнината од денот кога првпат охридска планинарска експедиција го освои врвот Мон Блан на Алпите, највисокиот врв во Западна Европа од 4.810 метри.  (Кафе бар „Аквариус“/11:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан