• недела, 21 јули 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
23 септември 2020 

Скопје - Седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија. (Вила Водно, кабинет на претседателот/12:00, по завршување на седницата претседателот Пендаровски ќе даде изјава/пристигнување на медиумите/11:30)

Скопје - Собраните на Република Северна Македонија ќе ја продолжи 13-та седница на чиј дневен ред е избор на заменици министри во Владата. (Собрание/14:00) Скопје - Премиерот Зоран Заев и евроамбасадорот Дејвид Гир ќе одржат прес-конференција. (Онлајн видео вклучување преку апликацијата ЗУМ/9:30)

Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во рехабилитација на автопат А1 – делница Катланово - Петровец.(Изјави за медиуми после наплатна рампа Петровец во правец кон Велес/12:00)

Скопје - Прес-конференција на министерката за култура Ирена Стефоска. (Двор на Министерство за култура/11:00)  Скопје - Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ќе ја посети овчарската фарма во село Орланци. (9:00, изјави за медиумите/9:15) Охрид - Дводневна Меѓународна научна конференција „Евроатланските вредности на Балканот„ во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата „Ханс Зајдел„ од СР Германија. (х.„Метропол“/11:00, изјави за медиумите/10:30) Скопје - Националниот Сојуз на глуви и наглуви ќе одржи тркалезна маса по повод Интернационалниот ден на знаковниот јазик на тема ,,Образованието кај глувите лица и застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава“. (х.„Порта“/12:00) Ресен - Јавна трибина на тема ,,Предизвици во управувањето со Споменик на природата Преспанско Езеро‘‘. (Општина Ресен, голема сала/12:00, изјави за медиуми/12:35) Скопје - Прва регионална конференција „КОВИД-19 – НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР: Угостителите во очекување на вториот бран” во организација на Независната Угостителска Комора.

Скопје - Прес-конференција за доставувањето на сетот предлози „За зелен и хуман град“ кои произлегоа од Граѓанскиот буџетски форум „Моја заедница. Моја визија“. (Пред архивата на Град Скопје/12:00)

Скопје - Концерт на групата Синтезис по повод 25 години артистичка кариера. (Плоштад Мајка Тереза, плато пред МОБ/20:00)

Скопје - Концерт на БАНКРОТ БЛУЗ БЕНД. (Куршумли ан/21:00) _______________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан